Гасперини посакува да ја заврши тренерската кариера во Јуве

BERGAMO, ITALY – MARCH 17: Gian Piero Gasperini, Head Coach of Atalanta BC, applauds following the Serie A match between Atalanta BC and Empoli FC at Gewiss Stadium on March 17, 2023 in Bergamo, Italy. (Photo by Emilio Andreoli/Getty Images)

Џанпјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта, се уште сонува еден ден да ја преземе клупата на Јувентус, клубот во кој започна и освои трофеи на јуниорско ниво.

„Враќањето во Јувентус по 20 години би било круна на мојата кариера“, изјави Гасперини за италијанските медиуми. 63-годишниот стручњак помина девет години во Јувентус како играч и тренер на младинците, од 1994 до 2003 година. Во овој период, Гасперини го предводеше младинскиот тим на Јувентус до неколку трофеи.

Интересно, Кристијано Џунтоли, актуелниот спортски директор на Јувентус, сакаше да го донесе Гасперини во Наполи уште во 2019 година. Сепак, тоа не се случи.

Гасперини изгради репутација на еден од најценетите тренери во Италија благодарение на неговите извонредни резултати со Аталанта, која ја трансформираше во редовен учесник на европските натпреварувања.

Гасперини е познат по својот напаѓачки стил на игра и тактички иновации, често користејќи формација 3-4-1-2. Неговата способност да развива играчи и да постигнува успеси со ограничени ресурси му донесе признание во фудбалскиот свет, вклучително и две награди за најдобар тренер во Италија (2019 и 2020 година).

Правата самостојна работа ја доби во 2003 година во Кротоне. Успеа со овој тим да избори промоција во Серија Б. Потоа следеше успешен период во Џенова од 2006 до 2010 година, при што го предводеше клубот до петтото место во Серија А. По кратки и помалку успешни епизоди во Интер и Палермо, Гасперини ја презеде 2016 Аталанта.