Питер Лим му го довери претседателското место во Валенсија на својот син

Валенсија преку официјално соопштение објави дека клубот има нов претседател, а тоа е синот на сингапурскиот сопственик Питер Лим – Куат Лим. Тој официјално ќе ја преземе функцијата на 5 март.
Куат Лим е директор на „лилјаците“ од 2022 година, а сега на функцијата ја наследува бизнисменката Лаихун Чан.
Веста дојде на денот кога „Меритон Холдингс“, компанијата преку која Питер Лим го има мнозинскиот удел во Валенсија со 91 отсто од акционерскиот капитал, објави изјава во сингапурскиот медиум „Бизнис Тајмс“.
Демантираше дека клубот се продава за 400 милиони. евра, според информациите кои се појавија.
Со својот син на чело на клубот, сопственикот Питер Лим се обидува да го рационализира раководството на клубот, особено во спортската област, за да ја елиминира потребата од вообичаените консултации што ги спроведува Валенсија во Сингапур пред каква било операција поврзана со клубот.
Бизнисменот, кој е мнозински сопственик од 2014 година, веќе извесно време е под сериозен притисок од навивачите на „лилјаците“, кои воопшто не се задоволни од неговите потези. Под негово раководство, Валенсија забележа сериозен пад во својата игра и резултати, при што тимот освои само еден шпански Куп во овој период, во сезоната 2018/2019.