Инфантино размислува за Мундијал со уште повеќе учесници

ФИФА разговара за можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година од 48 на 64 репрезентации по повод одбележувањето на 100-годишнината од турнирот.

Според изворот, слична идеја предложил и делегат од Уругвај, земјата каде што се одржа првото Светско првенство во 1930 година.

Се нагласува дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјавил дека оваа иницијатива бара анализа. Сепак, постои голема веројатност другите членови на одборот на организацијата да ја отфрлат таквата идеја.

Во 2026 година Светското првенство ќе се одржи во Северна Америка, со зголемен број на учесници на 48 репрезентации.