Ракометарките од третиот шешир ги чекаат евро-квалификациите

Европската ракометна федерација ги објави деталите за шеширите пред ждрепката за квалификациите за ЕП 2026 кое за првпат во историјата ќе се игра дури во пет држави – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турија.
Женската репрезентација на Македонија за малку не успеа да се најде во вториот шешир, па од третиот ќе ги чека своите противници на патот кон уште едно големо натпреварување.
Покрај Македонија, во третиот шешир се најдоа Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово, со што нема да играме против нив.
Пласман на ЕП 2026 покрај петте домаќини обезбедија и триото медалисти од ЕП 2024 – Норвешка, Данска и Унгарија, а слободни остануваат уште 16 места за кои ќе се борат 24 селекции поделени во шест квалификациски групи. Место на ЕП обезбедуваат прво и второпласираните од групите, како и најдобрите четири од шесте третопласирани, па македонските ракометарки не би требало да имаат проблеми да обезбедат настап на ново големо натпреварување преку квалификации.
Ждрепка ЕП 2026, жени:
шешир 1: Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора, Шпанија
шешир 2: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд
шешир 3: Македонија, Украина, Португалија, Италија, Грција, Косово
шешир 4: Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија, Белгија
Ждрепката ќе се одржи во романскиот град Клуж на 20 март од 17:00 часот.
Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и 8 до 12 април 2026 година.
Share.
Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn