Елмас во тимот на колото во Серија А

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас игра одлично од пристигнувањето во Торино каде што настапува како позајмен фудбалер и во дресот на „биковите“ веќе постигна три гола.
Последниот гол Елмас го постигна изминатиот викенд во кој Торино ремизираше против Парма 2-2.
Елмас на оваа средба го отвори резултатот во 19. минтуа, но на крајот тој не беше доволен за победа на неговиот тим. Покрај погодокот, Елмас активно учествуваше и во играта на Торино се до 69. минута кога беше заменет.
Таквиот настап му донесе и место во тимот на колото во Серија А со оценка од 7.5.