Маркез продолжи да победува, со триумф се враќа и од Катар

Марк Маркез ја продолжува доминацијата од почетокот на сезоната. Возачот на Дукати победи на трката за Големата награда на Катар пред изненадувањето Маверик Вињалес од КТМ и тимскиот колега Франческо Бањаја. Трлата во Катар ја обележаа глупостите што ги направи помладиот Маркез, Алекс и падот на актуелниот шампион Хорхе Мартин, кој потоа заврши на медицински испитувања.

Марк Маркез, осумкратен светски првак, на првите четири викенди во Мото ГП осовои четири пол-позиции, забележа четири победи во спринт трките и три во главните трки.

Маркез се мачеше на „Лусаил“, бидејќи беше сериозно предизвикан, но одговори на предизвикот и на крајот убедливо победи.

Франко Морбидели од тимот на Валентино Роси на стартото го презеде водството, откако Алекс удри во мотоциклот на својот брат Марк. Низ поредокот успешно се проби Вињалес, како и Бањаја кој стартуваше од 11. место.

Во четвртиот круг помладиот Маркез направи нова глупост, проба невозможен маневар, удри во Диџанантонио го исфрли од патеката во моментот кога Италијанецот беше четврти во поредокот.