Цибона ја напушта АБА лигата?

Загрепска Цибона, еден од основачите на АБА кошаркарската лига, според информациите кои пристигнуваат од највисокото раководство на клубот, сериозно размислува за повлекување од регионалното натпреварување.

Долгогодишното незадоволство од статусот и третманот се прелеа на последниот состанок.

„Сè кулминираше со последните одлуки на Собранието на АБА-лигата, кои тргнаа кон укинување на националниот клуч со можност за проширување на лигата на 20 клубови, поделени во две конференции“, се вели во клупската реакција на загрепчани.

Како што стојат работите во моментов, Цибона како претпоследен тим и според постоечките правила треба да игра за опстанок во лигата со финалистот од АБА 2 лигата.