Раја: Во Париз ќе го покажеме нашето право лице

Голманот на Арсенал, Давид Раја, се огласи по тесниот пораз на неговиот тим од Пари Сен Жермен со 0-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Пари Сен Жермен започна многу брзо со гол. Тие доминираа во првите 15 минути, но потоа мислам дека ја контролиравме играта. Имавме шанси, а Донарума направи неколку брилијантни одбрани. Ќе биде подобро во Париз. Знаеме дека ова не е се што можеме да дадеме“, рече Раја.
Реваншот на „Паркот на принцовите“ е за една недела, на 7 мај (среда), а Лондончани сè уште имаат шанса за пресврт, во што голманот на „топчиите“ е целосно уверен.