Даер ќе го замени Минхен со Монте Карло

Ерик Даер нема да остане во Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. Англискиот дефанзивец ќе ја продолжи кариерата во француската Лига 1, каде што ќе игра за Монако, објави авторитетното издание „Л’Екип“, а веста ја потврди и специјалистот за трансфери Фабрицио Романо.

Договорот на Даер со Баварците истекува на крајот од тековната сезона и нема да биде обновен. Така, 30-годишниот дефанзивец ќе се пресели во Монако како слободен агент.

Неговиот нов договор со Монако ќе важи до летото 2027 година, со опција за продолжување за уште една сезона. Според информациите, сите документи се веќе потпишани, а трансферот ќе стане факт веднаш по завршувањето на сезоната.