Камбиасо е замената за Александер Арнолд на „Енфилд роуд“

Десниот бек на Јувентус, Андреа Камбиасо е многу блиску до преселба во Англија. Според информациите од Апенините, за 25-годишниот дефанзивец сериозен интерес има од новиот англиски шампион Луверпул, кој во него гледа идеална замена за Трент Александар-Арнолд.
Според информациите и Манчестер Сити исто така го следи италијанскиот фудбалер. Се нагласува дека „Старата дама“ го проценува Камбијасо на 40-45 милиони евра.
Оваа сезона, дефанзивецот одигра 39 натпревари на сите турнири, во кои постигна два гола и направи три асистенции. Тековниот договор со италијанскиот клуб му е со важност до летото 2029 година.