Одреден терминот за доделувањето на „Златната топка“

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека 69-та церемонија на доделувањето на „Златната топка“, која се доделува на најдобриот фудбалер, ќе се одржи на 22. септември во Париз, во театарот „Шател“.
На свечената церемонија ќе бидат доделени награди и во машка и во женска конкуренција за најдобар голман, стрелец, тренер, клуб и млад играч.
Исто така, ќе има награда за најдобра „акција на солидарност или социјална корист“, која можат да ја освојат и машки и женски фудбалери. УЕФА изјави дека имињата на финалистите за наградите ќе бидат објавени на почетокот на август.
Златната топка се доделува од 1956 година. Наградата во машка конкуренција најмногу пати ја освои Лионел Меси (осум), додека минатогодишниот добитник беше играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри.