Седлоски верува дека Вардар може до Куп-титулата

Тренерот на фудбалерите на Вардар, Гоце Седлоски, верува дека неговите избраници ќе ја победат екипата на Струга Трум Лум и ќе го освојат пехарот во Купот.

„Толку време Вардар го чека ова финале, ќе дадеме максимум и со помош од публиката да ја оствариме целта. Ако играчите одиграат како во претходните шест месеци, се надевам дека трофејот ќе дојде во нашите витрини.

Знаеме каде беше Вардар во првата полусезона ама со макотрпна работа стигнавме до петтото место. Сакам да го заокружиме добриот ритам и утре“ – изјави Седлоски пред мечот на Арената во Скопје.