Грчката влада го прекина финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Грчката влада одлучи, засега само да го одложи третиот натпревар од финалето на плејофот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, јавуваат медиумите во Атина.

Во истата одлука, заколнатите (не)спортски непријатели беа предупредени дека, доколку страстите не се смират веднаш и спортот не се врати во границите на фер-плејот, серијата нема да продолжи и Грција ќе остане без шампион во сезоната 2024/25.

Во времето на објавувањето на веста, атинската полиција сè уште трага по сопственикот на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос.

Инаку по два одиграни натпревари во финалната серија резултатот е изедначен 1:1.

Министерот за образование Јанис Вруцис закажа итен состанок за среда (5 јуни), на се поканети сопствениците на двата клуба, Димитрис Јанакопулос и браќата Ангелопулос.

Доколку не дадат јасни гаранции за продолжување на натпреварувањето под регуларни услови, првенството ќе биде прекинато, што во моментов е најизвесното сценарио.