Интерес од Реал Мадрид и Арсенал за Мартин Зубименди

Играчот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, се огласи по повод сè поголемите шпекулации за неговата иднина, додека интересот од Арсенал и Реал Мадрид се засилува пред летниот трансфер период. 

26-годишниот фудбалер беше еден од клучните играчи во репрезентацијата на Шпанија која го освои Европското во 2024 година, што привлече внимание од врвни европски клубови.  

Арсенал покажува сериозен интерес за Зубименди, со цел да ја засили средната линија. Со оглед на тоа што Жоржињо и Томас Парти се во поодмината фаза од кариерата, Микел Артета бара долгорочно решение, а Зубименди е еден од главните кандидати. 

Сепак, шпанскиот репрезентативец останува воздржан во изјавите. „Фокусиран сум на моите обврски – најпрво со Шпанија, па потоа со мојот клуб,“ изјави тој. „Шпекулации секогаш ќе ѓи има, но нема да дозволам да ми одвлечат внимание.“   

Реал Мадрид, предводен од Чаби Алонсо, исто така покажува интерес. Алонсо претходно го тренираше Зубименди во Б тимот на Реал Сосиедад и сака повторно да работат заедно, овојпат на Сантијаго Бернабеу. 

Со реномето на клуб кој редовно се бори за Лигата на Шампионите и доместични трофеи, Реал има силна позиција доколку Зубименди реши да направи чекор напред. 

Како што се приближува летниот трансфер период, и Арсенал и Реал Мадрид се подготвени да го обезбедат неговиот потпис. Сепак, освен ако не дојде до промена во неговиот став, одлука околу иднината на Зубименди најверојатно ќе има дури по завршувањето на неговите репрезентативни обврски.