Јуве преговара со Олимпик Марсеј за Балерди

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, ќе се обидат во текот на летото да го ангажираат дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Леонардо Балерди, објавија денеска неколку медиуми во Италија.

Аргентинскиот интернационалец има и италијански пасош и нема да пополни една од квотите за играчи кои доаѓаат надвор од Европската Унија.

26-годишникот е капитен на францускиот состав. Тој во четири сезони има реализирано 164 натпревари со ефект од 5 голови и 2 асистенции.