Фабрегас е пикот на Сити за наследник на Пеп

Цеск Фабрегас би можел во иднина да го замени Пеп Гвардиола на кромилото во Манчестер Сити, објави новинарот, Стив Кеј.

Тој наведува дека англискиот клуб е импресиониран од тактичката остроумност на 38-годишниот специјалист и верува дека би можел да ја преземе функцијата главен тренер кога Шпанецот ќе си замине од редовите на „граѓаните“.

Тековниот договор на Пеп е валиден до 30 јули во 2027 година. Фабрегас сега го води италијанскиот состав Комо.