Онана ќе застане на голот на Монако

Францускиот прволигаш Монако е заинтересиран да го донесе во своите редови голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Според истиот извор, францускиот клуб веќе почнал прелиминарни разговори околу можниот трансфер на 29-годишниот голман.
Доколку Онана замине, Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира 24-годишниот голман на Аталанта, Марко Карнесеки.
Првите контакти со менаџерскиот тим на Карнесеки веќе се воспоставени, но засега нема директни преговори со клубот од Бергамо.
Минатата сезона Карнесеки одигра 34 натпревари во Серија А.