Монако доби големо засилување: Потпиша со Пол Погба

Пол Погба конечно ќе се врати на фудбалските терени, по пауза подолга од година и пол поради допинг-скандалот.

Францускиот репрезентативец беше суспендиран на четири години, но по жалбената постапка, казната му беше преполовена на 18 месеци. Јувентус веднаш реагираше и го раскина договорот, па Погба остана без клуб.

Но, според реномираниот италијански новинар Фабрицио Романо Погба ќе потпише за Монако и трансферот го најави со своето препознатливо „Here we go“.

Последниот официјален настап Погба го имаше во септември 2023 година во дресот на Јувентус, што значи дека речиси две години ќе поминат пред повторно да го видиме на терен.

Французинот има 31 година и останува да се види во каква форма ќе се врати на теренот.