Car Show Битола 2025 – КС Групација со игри, забава и хуманост

Во саботата на 21 јуни, паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ беше центар на автомобилската култура, енергија и заедништво.
КС Групација, составена од седум истакнати компании – Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелиција, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент– со гордост беше дел од најголемиот Car Show во Битола, каде не само што го претстави својот бренд, туку создаде и вистинска хумана приказна.
На нашиот штанд понудивме интерактивна забава за сите генерации:
PS5 дуели во Need for Speed
Cornhole турнир со награди
Спин тркало за пиво и подароци




Она што го направи овој ден посебен беше што секој учесник, преку симболична донација, стана дел од хуманитарна мисија – поддршка за семејството на Ице Андонов, младо момче кое трагично го загуби животот во неодамнешниот пожар во Кочани.
Неговото возило беше поставено на изложбата – скромен, но моќен потсетник на една млада пасија.
Емоциите, насмевките и ентузијазмот беа нашиот најголем успех. Атмосферата на штандот на КС Групација ја надмина секоја очекувана формула – беше спој на адреналин, солидарност и вредности кои ги негуваме како компанија.
Благодарност до сите што нè поддржаа – ова не беше само шоу, туку настан што допре до срцата.
