Аргентинецот Кастањеда потпиша за Вардар

Аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Диего Факундо Кастањеда (26) е ново засилување за ФК Вардар. Минатата сезона тој ја мина во Црна Гора во дресот на Петровац.
Во своите настапи во Ц. Гора, Кастањеда постигна 7 гола и регистрираше 5 асистенции, а на 5 натпревари беше „меч винер” за својот тим. Претходно играше за Бока Јуниорс до 20 години, а подоцна и за Б-тимот на Бока Јуниорс.