Јуве го претстави Канаѓанецот Џонатан Дејвид

Јувентус и официјално го потврди својот нов голем трансфер – канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид е нов играч на “Старата дама”. 24-годишниот голгетер доаѓа од редовите на Лил и со клубот од Торино потпиша петгодишен договор, кој ќе трае до 30 јуни 2030 година.

Дејвид, кој е роден во Бруклин (САД) од родители од Хаити, пораснал во Отава, Канада, пред на 17-годишна возраст да се пресели во Европа во белгискиот Гент.

По две импресивни сезони во Белгија, каде што стана и најдобар стрелец во лигата, во 2020 година направи трансфер во Лил и стана еден од најдобрите напаѓачи во француската Лига 1.