Интер се пофали со потписот на Французинот Бони

Францускиот напаѓач Анж Јоан Бони е нов фудбалер на Интер, објави попладнево италијанскиот гигант.
Според италијанските медиуми, трансферот е вреден 23 милиони евра.
Бони доаѓа во Интер од редовите на Парма и беше еден од клучните играчи минатата сезона.
Францускиот репрезентативец до 21 година во својата дебитантска сезона во Серија А одигра 37 натпревари во дресот на Парма и постигна шест голови.
Бони е 37 француски фудбалер во клупската историја на Интер.
Интер во Бони го донесе третото летно засилување за новата сезона по Петар Сучиќ од загрепски Динамо и Луис Енрике од Марсеј.