Кавани и Суарез добиваат улици во Уругвај

Понекогаш, фудбалерите стануваат симболи и легенди на своите држави, особено во Јужна Америка каде фудбалската страст често преминува граници кои тешко се дефинираат.

Уругвај се смета за една од јаслите на фудбалот, особено кога станува збор за репрезентативниот аспект.

Уругвај е земја домаќин на првото Светско првенство во 1930 година, а можат да се пофалат и со две титули светски шампиони во 1930 и 1950 година.

Во поново време, Уругвај игра важна улога на светската фудбалска сцена.

Тука се издвојува Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога завршија на четвртото место, а тој шампионат беше запомнет и по раката на Суарез во мечот против Гана.

Луис Суарез се издвојува како еден од најголемите уругвајски фудбалери во последниве две децении.

Покрај Суарез, тука е и Единсон Кавани, двајца фудбалери кои сочинуваа мошне успешен напаѓачки тандем во светот на фудбалот.

За да им се оддолжи на своите фудбалски херои, Уругвај реши да преземе одредени мерки.