Галијани се враќа во Милан, ќе ја има улогата на советник

По осум години, Адријано Галијани повторно ќе работи во Милан. Емотивното враќање на легендарниот фудбалски директор е во завршна фаза, а „росонерите“ повторно го добиваат човекот кој остави длабока трага во клупската историја.
Галијани ја напушта функцијата во Монца и се враќа во клубот каде што испиша незаборавни страници работејќи во ерата на Силвио Берлускони, овојпат во улога на советник. Кам-бекот стана реалност благодарение на иницијативата на Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ, кои посакувале токму тој да биде дел од новата ера на Милан.
По заминувањето на Паоло Малдини од редовите на Милан навивачите беа бесни, а овој потег на управата може да ги направи позадоволни по катастрофалната сезона.