Тен Хаг: Не треба да паничиме после првиот пораз

Тренерот на фудбалерите на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, имаше лошо деби во Бундес-лигата откако неговиот тим загуби на домашен терен од Хофенхајм со 2-1 во рамките на првото коло од новата сезона.

„Ќе мора многу да работиме. Мора да останеме мирни и да продолжиме да работиме секој ден“ – вели тренерот од Холандија.

„Фармацевтите“ во наредната рунда во елитата на Германија ќе се сретнат со екипата на Вердер Бремен.