Беласица ќе игра под рефлектори на домашните мечеви во Струмица

Многу прволигаши не можат да си го дозволат тој луксус, но струмичкиот второлигаш, Беласица најави дека домашните натпревари ќе ги игра во вечерен термин.

Почнувајќи од мечот во второто коло против Скопје, Беласица своите натпревари ќе ги игра под рефлектори со почеток од 19:30 часот.

„Натпреварот од второто коло во кое нашиот тим го игра против екипата на Скопје ќе се одигра на 31.08.2025 (недела) во вечерен термин од 19:30 часот под рефлектори.

Исто така и сите други домашните натпревари се додека налагаат временските услови ќе бидат одиграни во вечерни термини под рефлектори.

Ги каниме сите љубители на фудбалот во Струмица и околината во недела да дојдат и да го подржат нашиот тим и да уживаат во вечерната атмосфера која многу малку клубови од Македонија можат да си ја дозволат и е реткост во нашиот фудбал.

Цената на влезницата ќе биде симболични 100 денари“, стои во соопштението на Беласица.