Баер Леверкузен и Фенер се двете понуди кои ги има на маса Постекоглу

Австралискиот фудбалски стручњак Анге Постекоглу би можел да се врати на тренерската сцена во еден од два големи европски клуба. Медиумите во Германија објавуваат дека 60-годишниот тренер е меѓу опциите што се дискутираат за нов тренер на Баер Леверкузен и турскиот гигант Фенербахче.

Двата тима останаа без менаџери во последните денови. Германците се разделија со Ерик тен Хаг по само три официјални натпревари, додека Фенербахче го отпушти Жозе Мурињо откако беа елиминирани од Бенфика во решавачкиот плејоф меч за Лигата на шампионите.

Постекоглу е без работа од крајот на минатата сезона, кога го напушти Тотенхем. Со оваа екипа стигна до трофејот од Лигата на Европа, но лошиот настап во Премиер лигата и освоеното 17-то место доведоа до негово отпуштање.

Во својата кариера, австралиецот ги водеше и Селтик, Јокохама Маринос, Мелбурн Виктори и Бризбејн Роар, како и австралиската репрезентација.