Гардиола воодушевен од тактичкиот стил на Ханси Флик

Пеп Гардиола со пофалби за Барселона на Ханси Флик, опишувајќи ја како една од највозбудливите екипи сезонава. Тренерот на Манчестер Сити истакна дека под водство на Флик, Барса останува верна на својата напаѓачка филозофија, но со модерна надградба која ја продолжува визијата на Јохан Кројф со нова динамика. 

Гардиола смета дека силата на тимот не лежи во класичната дефанзивна стабилност, туку во постојаниот напор да се напаѓа и контролира играта. Иако постојат критики за одбраната, тој верува дека клубот не треба да се откажува од својот храбар стил. 

Поранешниот тренер на Баерн Минхен и германската репрезентација донесе свежина и агресивност во играта на Барселона. Тимот не само што ја контролира топката, туку постојано создава шанси – одраз на Кројфовата идеја дека најдобар начин на одбрана е нападот.