Македонија освои бод против Казахстан, проектил на Барди од слободен удар

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. По осмото коло од квалификациите за СП 2026, Македонија се наоѓа на втората позиција со 13 бода, зад Белгија која е лидер со 14.

Избраните на Благоја Милевски имаа неколку шанси во првиот дел, но не успеаја да ја погодат мрежата на противникот. Во 54. минута Казахстан неочекувано дојде во водство со голот на Караман, а во 74. минута Енис Барди израмни со прекрасно изведен слободен удар.

Во последните моменти, убава можност имаше и Никола Серафимов, но шутираше крај голот.

На крајот, реми за Македонија на домашниот дуел со Казахстан.