Израелските клубови се враќаат во Евролигата

Екипите од Израел Макаби и Хапоел Тел Авив натпреварите од Евролигата можно е наскоро да ги играат на домашен терен во Израел.

Како што пренесуваат израелските медиуми двата клуба од 1.декември 2025 можно е повторно да играат пред своја публика.

Членовите на бордот на Евролигата изгласале враќање на израелските екипи во Тел Авив. Оваа одлука следува откако Израел и Хамас прогласија примирје и потпишаа прекин на огнот во Газа.

Макаби своите натпревари како „домаќин“ во Евролигата ги игра во Белград, додека Хапоел како „домашен терен“ ја има салата во Софија „Арена 8888“.

Сепак најавите се дека будно ќе се следи ситуацијата во Газа пред да се даде „зелено светло“ за одигрување спортски натпревари.