Дин Хујсен во одбрана на Винисиус — „Го критикуваат премногу и без причина“

Dean Huijsen speaking about Vinicius Junior

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дин Хујсен, јавно застана во одбрана на својот соиграч Винисиус Жуниор, кој во последно време се наоѓа под оган на критики од медиумите и дел од навивачите.

„Вини е неверојатен човек и фантастичен играч. Проблемот е што, бидејќи е толку голема ѕвезда, секоја негова најмала реакција веднаш станува тема. Искрено, мислам дека премногу го критикуваат и тоа често без вистинска причина“, изјави Хујсен со видлива раздразнетост.

Младиот дефанзивец објасни дека вниманието на камерите секогаш е насочено кон Бразилецот, што создава искривена слика.
„Цел натпревар сите камери се на него. Ако некого го следите 90 минути, сигурно ќе фатите момент што изгледаат лошо. Ако истото го направите со мене, со Милитао или Асенсио, и кај нас ќе најдете некоја ситница“, додаде Хујсен.

Неговата изјава доаѓа во период кога Винисиус повторно е мета на критики за наводно егоцентрично однесување и бурни реакции на теренот. Хујсен потенцира дека целиот тим стои зад својот соиграч и потсетува дека Винисиус е еден од најзаслужните за успесите на Реал Мадрид во последните сезони.