Србинот Тупајиќ е нов тренер на Работнички

По разделбата со тренерот Алпарслан Ердем, Работнички денеска го претстави новото тренерско решение за тимот. Станува збор за 50-годишниот српски стратег Ален Тупајиќ.
Тупајиќ денеска беше промовиран во тимот од Дебар Маало и ќе има исклучително тешка задача во преостанатиот дел од сезоната да го „крене“ тимот кој се наоѓа при самото дно на табелата. Тупајиќ е тренер кој претходно работеше на кормилото на екипата на Бор, а беше асистент, па подоцна и тренер во бугарскиот клуб Литекс од Ловеч.