Македонија ќе игра против Данска во полуфиналето од квалификациите за Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација ќе гостува кај Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026, по денешната ждребка одржана во седиштето на ФИФА во Цирих. Како неносител, Македонија ќе мора да бара изненадување на тешкиот дански терен.
Победата во Копенхаген би ѝ донела на Македонија место во финалето на 31 март, каде што би се соочила со победникотод дуелот меѓу Чешка и Ирска. И во тој меч Црвено-жолтите повторно ќе играат како гости во борбата за историски мундијалски билет.
Пред Македонија е најважниот предизвик во целата квалификациска кампања. Данска, еден од постабилните европски состави, претставува сериозен испит, но за македонската селекција ова е повеќе од обичен натпревар, тоа е шанса за влез меѓу најдобрите на планетата. Успехот би значел историски подвиг и дополнителна потврда за напредокот на репрезентацијата, додека поразот би ја прекинал мундијалската приказна пред самата цел.