Ќамили погоди во 100. минута и го симна Мидтјиланд од врвот

Македонскиот репрезентативец, Лирим Ќамили со гол од пенал во самиот финиш од мечот му донесе победа на Сондерјиске во дуелот со Митјилнад од 2-1.
Митјиланд пред ова коло беше лидер во данското првенство, но поразот од Сондерјиске ги чинеше губење на врвот.
Ќамили во 100. минута ја закова топката од пенал за победа на неговиот тим од 2-1.
Тоа е трет гол сезонава за Ќамили во данското првенство, а прв по 21 септември кога погоди против Вејле во ремито 2-2.