Србинот Бомаштар го поврзуваат со Вардар

Вардар 1961 има поставено високи цели за тековнава сезона, сезона во која работите се движат во посакуван правец и покрај повредите на неколку важни играчи, но клубот веќе размислува и за следната кампања и веќе има договорено неколку засилувања.
Пред два дена „Моцарт Спорт“ пренесе дека „црвено-црните“ го договориле крилото Вукашин Воркапиќ, а сега истиот медиум тврди дека е завршена работата и со 26-годишниот Милан Бомаштар.
И Милан е српски репрезентативец, голман висок 201 сантиметар кој во моментов е дел од француски Шатр, но по завршувањето на договорот на крајот на сезонава ќе се пресели во Скопје.
Тој имал доста понуди, но одлучил да ја прифати онаа на двократниот европски шампион.