Спалети: Овој Јуве може и подобро од изданието со Кремонезе

Тренерот на Јувентус , Лучијано Спалети, по убедливата победа над Кремонезе со 5-0 во 20-то коло од Серија А изјави дека се уште има простор за подобрување во играта на неговиот тим.
„Во работа како нашата, никогаш не знаеш што може да се случи. Секогаш има изненадувања, мора добро да размислиш за работите и да ги процениш, но има и работи што се случуваат на терен. Одигравме добар натпревар против противник кој знае каква работа треба да заврши еден тим како Кремонезе. Нивниот тренер знае во која фаза е неговиот тим. Благодарение на малку среќа, играта тргна во одреден правец“, вели стратегот на „Старата Дама“.