Повредите ја осакатија Словенија, проблем и за голманот Ферлин

Ракометната репрезентација на Словенија има сериозни проблеми пред почетокот на Европското првенство, а словенечките медиуми ситуацијата ја карактеризираат како „катастрофална“. Селекторот Урош Зорман се соочува со големи број на повредени играчи.

На Европското првенство нема да играат: Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек. Дополнително на листата на повредени е и голманот Клемен Ферлин, што е сериозен проблем особено голманската позиција.

Словенија во првото коло во Осло игра против Црна Гора, а во групата сè уште репрезентациите на Фарски острови и на Швајцарија.