Мбапе ќе го скокне и дуелот со Леванте

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го пропушти натпреварот од Ла Лига против Леванте во сабота поради болки во коленото.
И покрај фактот што Французинот тренираше како и обично во четврток, сепак го мачи повредата, поради која го пропушти 1/8-финалниот натпревар од Купот на Шпанија со Албасете (2:3), а во финалето од Суперкупот на Шпанија против Барселона (2:3) влезе како замена во 76-тата минута.
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, тренираше со главната група во четврток и е достапен за игра против Леванте. Тој го пропушти натпреварот против Албасете поради мускулен проблем.