Мек Грат победник на слаломот во Венген

Победник на денешната слаломска трка во Венген е Атле Лие Мек Грат од Норвешка, кој имаше резултат од 1:45.99 минута.

Тој за 47 стотинки беше подобар од Лукас Пинеиро Братен од Бразил, додека место на подиумот избори и Хенрик Кристоферсен со 81 стотинка заостанување зад победникот.

Сепак највредниот резултат го оствари Матијас Итен од Швајцарија, кој стартуваше со бројот 44 во првата трка, а на крајот заврши како шестопласиран, притоа во второто возење имаше подобрување на својот пласман за 17 позиции.

Денешниот победник Мек Грат е лидер во конкуренцијата во слалом со 372 бода, пред Пинеиро Братен со 351. Во генерален пласман Швајцарецот Марко Одермат е лидер со 1105 бодови.

Следниот викенд ќе се одржуваат натпреварите во Кицбил.