Алкараз со убедлива победа го започна Австралија опен

Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз со победа од 3-0 во сетови против Адам Волтон (Австралија) го стартуваше настапот на Австралија опен.

Шпанскиот тенисер единствено во вториот сет имаше проблеми со домашниот тенисер кога сетот го доби во тај брејк, а Волтон имаше брејк предност, но Алкараз веднаш го врати загубениот гем на свој сервис.

Од фаворитите пласман во следната рунда изборија Александар Зверев и Александар Бублик.

Утре на терените на Мелбурн парк ќе се појави и Новак Ѓоковиќ повеќекратен победник на Австралија опен.