Флик бесплатно го добива Бернардо Силва

Во летото кое следи изгледа конечно се отвора можност, Бернардо Силва да го облече дресот на Барселона шт е негова голема желба уште од минатото.

Новинарот Хосе Алварез во живо во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Барселона сака ова лето да го доведе Бернардо Силва како слободен играч.

Ако се ттргне минатото лето, кога Ханси Флик сметаше дека засилување на таа позиција не му е потребно, со години наназад Барселона и Бернардо Силва беа честа тема во медиумите низ Шпанија и Англија.

Силва беше особено блиску до трансфер во летото 2023 година, кога дури и се прости од „Етихад“ по натпреварот во Комјунити шилд, но Барселона тогаш немаше финансиски капацитет да го реализира трансферот. Португалецот отсекогаш сакал по Манчестер сити да се пресели во Каталонија, каде што има роднини и пријатели и често престојува на одмор.

Бернардо Силва е застапуван од Жорж Мендеш кој е близок пријател на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, што дополнително ги олеснува преговорите околу личните услови. Силва нема да има големи финансиски барања, свесен дека ова му е последна шанса за уште еден голем клуб, со оглед на тоа што е на прагот на 32 години, кои ќе ги наполни во август.