кошарка

Леброн Џејмс е првиот активен НБА играч кој станал милијардер

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, стана првиот активен кошаркар во НБА лигата кој станал милијардер, пренесува магазинот Форбс.

Џејмс своите приходи ги остварил настапувајќи за повеќе НБА екипи, како и вложувањето во успешни компании преку купување на акции во истите. 

Статус на кошаркарски милијардер има и легендата на овај спорт, Мајкл Џордан, но тој оваа цифра ја достигна после неговото заминување во кошаркарска пензија.


Бостон Селтикс одат во големото НБА финале

Екипата на Бостон Селтикс се пласира во големото финале на НБА лигата каде ќе се сретнат со Голден Стејт Вориорс. Тимот од Бостон во седмиот натпревар од финалето на Источната конфренција издвојува победа над Мајами Хит со резултат 100:96.

Бостон досега бил шампион на НБА 10.пати и сега екипата ќе се обиде да стигне до својата 18.титула. Последен пат Селтикс играа во големото финале пред 12 години кога загубија од ЛА Лејкерс.


Димитријевиќ и Валенсија издејствуваа мајсторка во серијата со Басконија

Ненад Димитријевиќ и Валенсија ја совладаа Басконија на гостински терен (82-89) и на тој начин изборија мајсторка во четвртфиналето на шпанскиот плејоф.

По поразот на домашен терен, Валенсија вечерва го совлада евролигашот Басконија, иако домаќините добро го отворија натпреварот.

Димитријевиќ и соиграчите доминираа во продолжението, неколку пати имаа и двоцифрена предност, па на крајот заслужено ја разочараа домашната публика.

Нашиот репрезентативец одигра нешто повеќе од 12 минути, при што постигна 5 поени, а имаше и по 2 асистенции и 2 скока.

Риверо со 27 и Хермансон со 16 поени биле најефикасни во редовите на Валенсија, додека кај Басконија најдобар реализатор бил Питерс со 18 поени.


ЛА Лејкерс имаат нов тренер

Медиумите во Америка пренесуваат дека Лос Анџелес Лејкерс го избраа новиот тренер на екипата.

Долго време се шпекулираше со можни тренерски имиња и кандидати кои ќе го наследат Френк Вогел, но на крајот честа да ја води екипата од Лос Анџелес му припадна на Дарвин Хем, кој претходната сезона беше асистент во Милвоки.

Хем има работено и како помошник во Лејкерес во две сезони – 2011 и 2013 година. Како кошаркар, Хем беше член на шампионската генерација на Детроит во 2004 година.


Вилијамсон подготвен за враќање по долгата пауза

Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајан Вилијамсон, откако ја пропушти целата сезона поради повреда, ќе може да се вклучи максимално во летните подготовки на НБА тимот.

Неговиот состав успеа да се избори за место плеј-офот, но, експресно беше елиминиран од  Феникс Санс. Вилијамсон кој беше избран под број еден на драфтот на НБА во 2019 година, за три сезони одигра само 85 натпревари бидејќи во континуитет се соочуваше со повреди.

21-годишниот кошаркар има во просек по натпревар: 25,7 поени, 7 скокови и 3,2 асистенции.


Голден Стејт Вориорс се пласираа во големото НБА финале

Екипата на Голден Стејт Вориорс се вратија во финалето на НБА лигата. Тимот славеше победа над Далас Маверикс во петтиот натпревар на домашен терен со резултат 120-110, и оствари вкупен скор од 4-1 во финалето на Западната конференција.

За популарните „Воини“, ова ќе биде шесто НБА финале во последните осум години, каде за противник ќе го очекуваат подобриот од дуелот помеѓу Мајами и Бостон.


Кошаркарот Весели во преговори со Барселона

Членот на кошаркаскиот клуб Фенербахче, Јан Весели, наскоро би можел да ја промени средината, и да заигра за Барселона.

30-годишниот Чешки кошаркар, наводно е во напредни преговори со каталонскиот клуб, меѓутоа се очекува и Фенербахче да направи дополнителни напори за да го задржи во своите редови.

Весели е член на Фенербахче од 2014 година, и со клубот ја освои европската титула во 2017 година. Неговиот актуелен договор со клубот е до крајот на оваа сезона.


Сменет првиот човек на кошаркарската Евролига

На состанокот одржан од 11 акционери на Евролигата, беше изгласана промената на извршниот директор на лигата Бертомеу, кој ја извршуваше оваа функција 22 години.

За неговата смена гласаа ЦСКА, Олимпија од Милано, Жалгирис, Макаби, Олимпијакос и Панатинаикос. Шпанските клубови со помош на турските Фенербахче и Ефес не успеаја во намерата да го продолжат неговиот мандат за уште една година.

Бертомеу сепак ќе остане во Евролигата, но ќе добие статус на надворешен соработник поради своето големо искуство. Најголем кандидат за нов извршен директор е легендата на српската кошарка Дејан Бодирога.


Атаман: Горд сум на успехот на Ефес и на цел турски спорт

Тренерот на шампионот во Евролигата, Анадолу Ефес – Ергин Атаман изјави дека чувството е одлично да се освои титулата двапати на најпрестижниот европски клупски турнир.

„Тоа може да се случи. Многу сум горд што на овој начин ги претставувам турскиот спорт, турските тренери и турскиот народ. Сигурен сум дека во иднина другите ќе ги надминат овие успеси“, коментираше Атаман по финалето во Евролигата.

Турски Анадолу Ефес го победи шпанскиот Реал Мадрид со 58:57 во главниот град на Србија, Белград, со што ја одбрани титулата минатата сезона.

Запрашан дали веќе размислува за трет последователен триумф во турнирот, Атаман одговори: „Сега мојата самодоверба е насочена кон репрезентацијата на Турција. Кој знае? Имам уште една година од мојот договор. Но, навистина не знам дали следната сезона ќе бидам во Анадолу Ефес. Може да ми се јават од НБА“, со насмевка додаде Ергин Атаман.


Црна Гора на местото од Русија оди на Евробаскет 2022

Откако репрезентацијата на Русија и официјално е исфрлена од настапот на Европското првенство во кошарка закажано за септември 2022, објавено е која селекција ќе биде нејзина замена.

Иако и Македонија се надеваше дека ќе го заземе местото на Русија, ФИБА одлучи дека Црна Гора е репрезентацијата која ќе настапува место Русија.

Црногорците ја добија поканата бидејќи имаат најдобар скор во квалификациите од репрезентациите кои не се пласирале на шампионатот. Тие остварија три победи и три порази со што си обезбедија вајлд-карта.