кошарка

Кубанецот Риверо пред потпис со некој од српските гиганти

Кубанскиот кошаркаш, Хасијел Риверо, има реални шанси да пристигне во Србија, велат последните информации.

31-годишникот по две сезони си замина од Макаби Тел Авив. Тој за израелскиот тим имаше 20 мечеви во Евролигата и направи просек од 10,2 поена и 4,4 скока.

Риверо претходно играше за Капиталино, Естудијантес, Бока, Бургос и Валенсија.


Пелистер од четвртиот шешир ја чека ждрепката за ЛШ на ФИБА

КК Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник на утрешната ждрепка во Лозана каде ќе бидат формирани натпреварувачките групи во квалификациите и регуларниот дел од сезоната во ФИБА Лигата на шампионите.

Екипата од Битола е еден од 24 тимови во квалификациите. На ждрепката утре напладне, Пелистер ќе ги очекуваат своите ривали на еден од трите квалификациски турнири за пополнување на три места во регуларниот дел о д Лигата на Шампионите, каде веќе се познати 29 учесници.

Победниците на трите квалификациски турнири ќе им се придружат на оние 29 екипи за да се формираат натпреварувачките групи во регуларната фаза во која ќе се натпреваруваат 32 екипи поделени во осум групи.

Согласно со спортските критериуми, македонскиот претставник ќе биде во вториот или третиот квалификациски турнир. Ждрепката ќе ја дочека од четврттиот „шешир“, заедно со екипите на Порто (Португалија), ПГЕ Старт Љублин (Полска) и СЦ Дерби (Црна Гора).


Сакраменто потпиша со Денис Шрудер

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шрудер потпиша со Сакраменто, кој ќе биде неговиот десетти НБА тим во кариерата.

Триесетиедно годишниот Шрудер минатата сезона, која ја помина во три различни НБА лигаши, имаше просек од 13,1 поени, 2,6 скокови и 5,4 асистенции.

Минатата сезона Шрудер ја почна во тренинг кампот на Бруклин, од каде во декември премина во Голден Стејт за неколку месеци подоцна да биде испратен во Детроит каде што германскиот плејмејкер му помогна на младиот состав да стигне до плејофот.

Во неговата 12-годишна НБА кариера, Денис Шрудер играше и за Атланта, Оклахома, Бостон, Хјустон, Торонто и Лос Анџелес Лејкерс (двапати).


Масиулис е нов тренер на Жалгирис од Каунас

Томас Масиулис e назначен за нов тренер на кошаркарскиот клуб Жалгирис од Каунас, објави литванскиот клуб.

Поранешниот литвански репрезентативец и поранешен кошаркар на Жалгирис потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување за уште една сезона. Тој доаѓа од Фенербахче, каде што две сезони му беше асистент на Шарунас Јасикевичиус.

Ова е човек кого го сметаат за симбол на успехот на Жалгирис, тој му ја донесе ФИБА Евролигата во 1999 година, која ја прослави на необичен начин. Се соблече до гола кожа и ја покри „својата гордост“ со трофејот наменет за шампионот.


Хрватот Бојан Богдановиќ објави крај на кариерата

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ одлучи да се пензионира. Богдановиќ ја објави својата одлука на социјалните мрежи.

„Понекогаш во животот не го избирате моментот. Тој ве избира вас. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да се затвори едно поглавје. По повеќе од две децении поминати на паркетот, дојде моментот да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел од мене. Тешко е да се опише во неколку реченици сè што ми донесе кошарката. Ме обликуваше како спортист, но уште повеќе како личност“, напиша меѓу другото Богдановиќ.

Бојан Богдановиќ пристигна во НБА лигата во 2014 година. Ги бранеше боите на Бруклин, Вашингтон, Индијана, Детроит, Јута и Њујорк. Просечно постигнуваше 15,6 поени во 719 натпревари. Пред тоа, играше во Европа за Зрињски, Реал, Цибона, Мурсија и Фенербахче.


Ривс одби астрономски договор од Лејкерси

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франшиза за 90 милиони долари.

Раководството на Лејкерс не го очекуваше ова, но беа изненадени кога играчот за кој веруваа дека е сигурна опција, ја одби големата понуда за максимален договор.

Одличниот стрелец влегува во третата година од договорот вреден 54 милиони долари, кој го потпиша пред две години како заштитен слободен агент.

Тој има опција следното лето да излезе од договорот и да стане незаштитен слободен агент, а тогаш би можел да добие многу подобра понуда отколку оваа којашто му ја дадоа Лејкерс.

Лејкерс во овој момент не можат да понудат повеќе, па сè е извесно дека следното лето ќе дојде до разделба.

Можниот излез на Ривс на пазарот следното лето предизвика неговото име да се спомнува во трговски шпекулации. Сепак, Лејкерс никогаш не покажаа интерес да го разменат.


Чус Матео доби отказ и покрај титулата, Скариоло се врати во Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.

Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.

По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.

Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.

Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.


Ирвинг ќе добие нов договор со Далас, ќе инкасира 119 милиони!

Кајри Ирвинг планира да потпише тригодишно продолжување на договорот со Далас Маверикс, во вредност од 119 милиони долари.

Ирвинг, кој ќе има опција да стане слободен агент во сезоната 2027/28, се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти поради што ја заврши сезоната во март годинава.

Деветкратниот „Ол-стар“ играч изјави дека сака да изгради наследство со Маверикс, верувајќи дека франшизата може да освои шампионска титула во лигата. Се очекува да се врати на теренот во јануари по повредата и операцијата.

Минатата сезона, 33-годишниот Ирвинг имаше просек од 24,7 поени во 50 натпревари, додека запиша 4,8 скока, 4,6 асистенции, 1,3 украдени топки во просек од 36,1 одиграни минути.

Во речиси три сезони со Маверикс, Ирвинг имаше просек од 25,5 поени, 4,9 скока, 5,1 асистенции, 1,3 украдени топки и играше просек од 35,9 минути во 128 натпревари од регуларната сезона, сите во почетната постава.


Муса ќе го замени Реал Мадрид со Дубаи

Само неколку часа откако Реал Мадрид ја освои 16-тата титула во Шпанија, Џанан Муса најави дека го напушта Реал Мадрид и заминува во составот на Дубаи со тригодишен договор.

Муса штотуку ја обезбеди својата втора титула во АЦБ лигата со Реал, а решавачкиот финален натпревар против Валенсија беше неговиот последен во дресот на Реал Мадрид.

Откако пристигна во Мадрид во 2022 година, репрезентативецот на Босна и Херцеговина ја освои Евролигата во 2023 година, две титули во АЦБ лигата, Купот на Шпанија (2023) и два Суперкупа на Шпанија. Со преселбата во Дубаи, Муса се враќа во АБА лигата, каде што претходно играше за Цедевита.


Халибартон успешно опериран

Халибартон во првите пет минути од тој дуел погоди три тројки и постигна девет од 16 поени на својот тим, но на крајот од петтата минута при обид за продор заврши на подот со болен израз на лицето. Со помош стигна во соблекувалната, но не можеше да се потпре на десната нога. Подоцна беше потврдено дека доживеал една од најтешките повреди – пукната Ахилова тетива.

Без Халибартон на теренот, Пејсерс беа рамноправни со домаќините до четири минути пред крајот на третата четвртина. Но, Тандерс со серија 20:2 ја решија натпреварот и го освоија првиот НБА шампионски трофеј во историјата.

„Човече. Не знам како поинаку да го опишам освен – шок. Зборовите не можат да ја изразат болката од ова разочарување. Фрустрацијата е неизмерна. Целиот живот работев да стигнам до овој момент – и вака завршува? Нема смисла“, напиша Халибартон на почетокот на емотивното обраќање до своите следбеници, со фотографија од болничката постела по операцијата на Ахиловата тетива.

„На 25 години веќе научив дека Бог никогаш не ни дава повеќе отколку што можеме да издржиме. Знам дека ќе излезам од ова како подобар човек и подобар играч. И искрено, дури и сега, со пукната Ахилова тетива, не жалам. Би го направил тоа повторно. И повторно после тоа. Да се борам за овој град и моите браќа. За можноста да оствариме нешто посебно“.

Продолжи со пораката до навивачите: „Инди, жал ми е. Ако некоја навивачка база тоа не го заслужува – тоа сте вие. Но заедно ќе се бориме со цела сила да се вратиме тука и да ја прескокнеме оваа пречка. Не се сомневам ни секунда дека сте со мене, и се надевам дека знаете дека и јас сум со вас.“

Поврзани теми