кошарка

Големи неприлики за Денвер, Мареј се повреди непосредно пред плеј-офот

Денвер Нагетс се наоѓа во серија од четири порази едно по друг. Евидентен е недостатокот на Џамал Мареј на паркетот без кој Србинот не успева да му донесе триумф на својот тим.

Канаѓанецот последниот натпревар го одиграна 26. март против Милвоки, натпревар на кој заработи повреда на задната ложа на десната нога, а и покрај тоа што предвидувањата беа дека станува збор за полесна повреда, се воспостави дека е поголем проблем.

„Се надевам дека ќе се врати во плеј-офот. Чудна повреда. Мислиме дека лесно ќе ја помине, но не е така. Не сме „внимателни“ со него, туку тој навистина е повреден. „Внимателни“ сте кога играчот може да игра, а вие сакате да бидете паметни. Тоа не е случајот. Шест тима се борат за четири места во плеј-офот. Немаме причина зошто да го одмараме“, изјави Малоун.


Универзитетот Флорида ја освои НЦСС лигата

Универзитетот Флорида успеа да ја освои титулата во НЦАА откако победи во финалето против Хјустон Кгуарс со резултат 65-63.

Гејторс претходно ги победија Норфолк Стејт, бранителот на титулата Конектикат, Мериленд, Тексас Тек, Обурн на патот до нивната трета титула во НЦАА.

Хјустон Кугуарс го имаа последниот напад на мечот, го имаа нападот за победа, но многу лошо го организираа и не успеаја да реализираат на радост на навивачите на Флорида во „Аламодом“ во Сан Антонио.

За МВП на завршниот турнир беше прогласен Волтер Клејтон Јуниор од шампионот Флорида, кој во финалето забележа 11 поени со 5 скока и 7 асистенции. Поефикасен од него беше Вил Ричард со 18 поени, а Алекс Кондон додаде 12. Кај поразениот тим двоцифрен беше единствен Ел Џеј Крајер со 19 поени и 6 скока.


Атаман не го сака Нан во турската репрезентација

Селекторот на турската кошаркарска репрезентација и тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги демантираше гласините дека Американецот Кендрик Нан ќе го облече дресот на националниот тим.

Се шпекулираше дека Нан би можел да заигра за Турција на претстојното ЕП, но Атаман веднаш ги отфрли овие наводи.

„Турција има еден важен натурализиран кошаркар, а тоа е Шејн Ларкин. Во моментов не ја разгледуваме опцијата за ангажман на друг играч. Нан е неверојатен и неговиот квалитет е неспорен, но сега нема ништо да менуваме“, изјави селекторот. на оваа репрезентација


Познати сите учесници во плеј-офот и плеј-инот на НБА лигата

Во НБА лигата познати се сите учесници во разигрувањето.

Во плеј-ин на Истокот ќе се сретнат Орландо Меџик (7) и Атланта Хокс, односно Чикаго Булс (9) и Мајами Хит (10). Победникот од натпреварот помеѓу 9-от и 10-от ќе се сретне со поразениот од мечот помеќу 7-от и 8-от.

Победникот ќе игра во плеј-офот со најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Кливленд Кавалирс.

Победникот од мечот помеѓу 7-от и 8-от на истокот ќе се сретне со актуелниот првак Бостон Селтикс (2). Другите двојки од плеј-офот во Источната коференција ги сочинуваат Индијана Пејсерс (4) – Милвоки Бакс (5), односно Њујорк Никс (3) – Детроит Пистонс (6).

На Западот во плеј-ин ќе се сретнат Милвоки (9) и Сакраменто Кингс (10), односно Лос Анџелес Клиперс (7) и Мемфис Гризлис (8). Победникот од натпреварот помеѓу 9-от и 10-от ќе се сретне со поразениот од мечот помеќу 7-от и 8-от. Победникот ќе игра во плеј-офот со најдобриот тим од регуларниот дел на Западот – Оклахома Тандер, додека победникот од мечот помеѓу 7-от и 8-от на истокот ќе се сретне со Хјустон Рокетс (2). Плеј-офот на Западот го комплетираат ЛА Лејкерс (3) – Минесота Тимберволфс (6) и Денвер Нагетс (4) – Голден Стејт Вориорс (5).

Плеј-ин турнирот се игра од 15-18 април, а плеј-офот стартува на 19 април.


Бобоа се повреди, грижи за Ефес пред плеј-офот

Berlin, Deutschland 23. März 2023: Basketball EuroLeague – 2022/2023 – Alba Berlin vs. Anadolu Efes Istanbul Im Bild: Rodrigue Beaubois (Anadolu Efes Istanbul)

Родриг Бобоа, еден од најискусните играчи на тимот, мораше да го напушти теренот поради повреда во текот на третата четвртина, и тоа во моменти кога играше одлично.

Тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка, а првичните прогнози велат дека сезоната за него е веројатно завршена.

Процесот на рехабилитација веќе започна, а повреден е листот на левата нога.

Иако има 37 години, Родриг Бобоа оваа сезона настапуваше одлично во Евролигата со просек од 8.9 поени, 1.4 скока и 1.6 асистенции по натпревар.


Џејлен Брансон спремен за разигрувањето

Одлични вести за навивачите на Њујорк Никс во очекување на стартот на плеј-офот. Имено, најдобриот поентер Џејлен Брансон е блиску до враќање на терените по повредата.

Брансон ќе тренира за првпат по повредата во петок и се очекува да биде под знак прашалник за настап веќе на саботниот натпревар против Атланта.

Брансон се опоравува од истегнување на десниот зглоб, но ќе биде комплетно подготвен за стартот на разигрувањето за титулата.


Партизан загуби во Каунас и остана без шанси за плеј-ин

Монако вечерва ја обезбеди предноста на домашниот терен во четвртфиналето, а Партизан ги загуби шансите за пласман во плеј-ин. Панатинаикос победи во Монако 88-76, а Партизан доживеа пораз од Жалгирис во Каунас 70-66.

Кендрик Нан уште еднаш покажа дека е неверојатен кошаркар, вечерва ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната, го предводеше својот Панатинаикос до победа над Монако на гостински терен во претпоследното коло од Евролигата.

Во последното, 34. коло, ПАО ќе ја пречека Црвена звезда и се чини дека Кендрик Нан е „максимално наострен“ и оваа средба заврши со 37 поени.

Постигна 18 поени во првото полувреме, па уште 12 (со индекс 14 во тие 10 минути) во третата четвртина и седум во последниот период.

Партизан во Каунас го пропушти последниот воз за место во плеј-ин. Жалгирис одамна ги загуби шансите за пласман во доигрувањето, но максимално го одигра последниот евролигашни меч сезонава пред своите навивачи.

Поразот уште повеќе ќе ги боли црно-белите, бидејчи нивниот поранешен играч Ален Смајлагиќ ги постигна последните поени на мечот. Смајлаги постигна 14 поени еден помалку од најефикасниот играч на жалгирис Силван Франциско.

Карлик Џонс беше најефикасен во тимот на Партизан со 23 поени, од кои 16 во првото полувреме. Брендон Дејвис постигна 10 поени со шест скока, Исак Бонга постигна девет поени со шест скока, а Стерлинг Браун и Алексеј Покушевски по седум поени.


Тејлор ја продаде Минесота Тимбервулвс за 1,5 милијарди долари

Глен Тејлор, долгогодишниот сопственик на кошаркарските франшизи Минесота Тимбервулвс и Линкс, се согласи да ја продаде целата своја сопственост на Марк Лор и Алекс Родригез.

Глен Тејлор се согласи да продаде 100 отсто од сопственоста за 1,5 милијарди долари, за што двете страни првично се договорија во 2021 година, пишува Шамс Чаранија.

Тејлор ги купи Тимбервулфс во 1994 година за 94 милиони долари, со што го спаси тимот од евентуална преселба во Њу Орлеанс.

Тој размислуваше да го продаде клубот неколку пати во текот на изминатите две децении, но секој пат се одлучуваше против овој потег. Сепак, на крајот одлучи да ја продаде франшизата и постепено им ја пренесуваше сопственоста на Лоро и Родригез од 2021 година.

Лоре е успешен претприемач, а Родригез е поранешна суперѕвезда на МЛБ. Тие првично ги здружија силите за да купат удел во тимот со структуриран план за на крајот да добијат целосна контрола.

НБА го започна процесот на трансфер на сопственоста, вклучувајќи го и конечното гласање од страна на Одборот на сопственици.


Кармело Ентони влезе во „Куќата на славните“

Легендарниот кошаркар Кармело Ентони ќе биде примен во Куќата на славните.

„Ентони ќе стане првиот кошаркар што ќе влезе во Куќата на славните на Нејсмит оваа година“, објави кошаркарскиот инсајдерски Шамс Чаранија.

Кармело зад себе има неверојатна кариера со 19 години минати во НБА и за тоа време шест пати успеа да биде член на најдобрата петорка во сезоната.

Покрај тоа, Ентони беше учесник на десет Ол-стар натпревари, додека со репрезентацијата на САД освои дури шест златни медали на Олимписките игри.

Популарниот Мело својата најголема трага ја остави во тимот на Денвер Нагетс каде настапуваше осум години. Потоа шест години беше член на Њујорк Никс, а на залезот на кариерата играше за Оклахома, Хјустон, Портланд и Лос Анџелес Лејкерс, кој беше неговиот последен клуб во кариерата.


Дубаи влегува во Евролигата

Масимо Занети, претседателот на Виртус од Болоња потврди дека клубот заедно со Партизан и Црвена звезда добил специјална покана за учество во Евролигата во наредните три години и дека речиси е сигурно дека Дубаи од наредната сезона ќе игра во најсилното европско натпреварување.

„Што се однесува до Евролигата, добивме тригодишна понуда заедно со Партизан и Звезда. Се уште преговараме бидејќи цената е доста висока, но таква е ситуацијата“, изјави Занети.

Тој нагласи дека и покрај напливот на НБА во европската кошарка, Евролигата останува главно натпреварување за него.

„Многу се зборува за НБА, но Евролигата сепак е големо натпреварување кое има многу следбеници. Со потенцијалниот влез на тим од Дубаи, ќе се отворат многу можности“, додаде Занети.

Да потсетиме, Виртус се врати во Евролигата по сезоната 2022/23 по освојувањето на Еврокупот, но оттогаш не може да се пласира во плеј-офот.

Моментално се претпоследни со само осум победи и 24 порази.

Инаку, на денешната прес конференција, првиот човек на Виртус, објави дека Душко Ивановиќ ќе го води тимот и во наредната сезона.