кошарка

Кошаркарите ќе играат претквалификации со Турција и Австрија

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според денешната ждрепка, нашата најдобра селекција ќе настапува во групата Ф, заедно со репрезентациите на Кипар и на Австрија.

По максималниот учинок во првата претквалификациска фаза, во која Македонија оствари шест победи на исто толку натпревари и го освои првото место во групата, следува нов предизвик на патот кон Европското првенство.

Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем, односно секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари – по два на домашен и на гостински терен. Натпреварите ќе се играат во трите ФИБА „прозорци“ – во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година.

Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи.

Група Д
Данска
Романија
Бугарија

Група Е
Швајцарија
Велика Британија
Словачка

Група Ф
Кипар
Австрија
Македонија

Група Г
Белгија
Чешка
Норвешка

Македонија ќе го започне новиот квалификациски циклус на 30 август, а четирите натпревари од оваа фаза ќе бидат клучни во борбата за место во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.


Оатин Ривс доби нов договор со Лејкерси

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс официјално го продолжи договорот со 196 см високиот бек Остин Ривс.

Американецот му се приклучи на познатиот тим од Градот на Ангелите во 2021 година, а во сезоната 2026/2027 ќе биде во својата шеста година со него.

Ривс (28) се согласи за нов четиригодишен договор вреден 185 милиони долари (162,3 милиони евра), што е најпрофитабилниот договор за играчи што не се избрани на драфтот на НБА.

Минатата сезона одигра 51 натпревар, од кои 45 ги почна во стартната петорка и имаше просек од 23,3 поени, 4,7 скока, 5,5 асистенции и 1,1 украдени топки за 34,5 минути на натпревар.


Хуанчо Хернангомез останува во Панатинаикос

Шпанскиот кошаркар Хуанчо Хернангомез останува во Панатинаикос. Првиот човек на грчкиот шампион, Димитрис Јанакопулос, јасно стави до знаење дека шпанскиот репрезентативец не е на продажба и дека клубот сака да го задржи што е можно подолго.

„Кој би го пуштил Хуанчо да си замине? Му реков да напише колку долго сака да остане во Панатинаикос, а ние ќе потпишеме“, изјави сопственикот на клубот.

Ернангомез има договор со Панатинаикос до летото 2027 година, но раководството веќе размислува за продолжување на соработката.

Со ова практично се става крај на гласините за негово заминување од атинскиот тим.


Дубаи го претстави Чави Пасквал

Чави Пасквал повеќе не е тренер на Барселона, откако шпанскиот кошаркарски стратег ја искористи клаузулата за предвремен раскин на договорот и стави крај на вториот престој на клупата на каталонскиот гигант.

Барселона потврди дека Пасквал заминува и покрај тоа што имаше договор до летото 2028 година.

Искусниот стратег ја прифати понудата од Дубаи, клуб кој минатата сезона ја освои титулата во АБА лигата.

Новиот клуб веќе објави дека со Пасквал потпишал договор со важност до 2029 година.


Шејн Ларкин потпиша за Фенербахче

Фенербахче и официјално го претстави Шејн Ларкин како свое ново засилување.

Американецот со турски пасош, кој во изминатите осум сезони настапуваше за Анадолу Ефес, потпиша двегодишен договор со турскиот клуб.

По завршувањето на Универзитетот во Мајами, во 2013 година беше избран како 18. пик на НБА-драфтот од Атланта Хокс, а потоа настапуваше за Далас Маверикс, Њујорк Никс, Бруклин Нетс и Бостон Селтикс.

Првото европско искуство го имаше во Басконија, каде веднаш се наметна како еден од најдобрите плејмејкери во шпанското првенство.

Во 2018 година се пресели во Анадолу Ефес, каде што ја изгради својата легендарна репутација.


Словенецот Секулиќ ќе ја води кошаркарската секција на Барса

Александар Секулиќ ќе биде нов тренер на кошаркарите на Барселона, наведуваат денеска дел од медиумите низ Европа.

48-годишниот специјалист му се приклучува на шпанскиот тим откако ја освои Јадранската лига со екипата на Дубаи. Тој работеше во Локомотив Кубан и Зенит.

Од 2020 година ја предводи словенечката репрезентација. Каталонците преговараа и со Паоло Галбиати и Јанис Сферопулос.


Вестбрук не сака да игра во иста екипа со Леброн

Стефан Бонди од „Њујорк пост“, објави дека Расел Вестбрук, е кандидат да се приклучи на Мајами, но само ако Леброн не потпише со „Хит“.

Двајцата беа соиграчи во Лејкерси, но тоа беше разочарувачка сезона. 37-годишниот плејмејкер играше за „Кингс“ постигнувајќи просек од 15,2 поени.

Во меѓувреме, за Џејмс се сериозно заинтересирани екипите на Кливленд и Филаделфија.


Џастин Робинсон големо засилување за Барса

Кошаркарскиот клуб Барселона официјално го потврди ангажманот на Џастин Робинсон.

Американскиот плејмејкер потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант, а минатата сезона играше за Париз Баскет.

Робинсон одигра 36 натпревари и во просек бележеше 14,6 поени и 4,5 асистенции по натпревар.

Робинсон настапуваше за колеџот Вирџинија Тек, а професионалната кариера ја започна во НБА лигата со Вашингтон Визардс.

Во најсилната кошаркарска лига во светот настапуваше и за Оклахома, Милвоки, Сакраменто и Детроит.


Саша Димитријевиќ се враќа во МЗТ Скопје!

Поранешниот тренер во стручниот штаб на МЗТ Скопје, Саша Димитријевиќ е новиот координатор на младинската школа на аеродромци.

Заедно со управата на клубот и тренерите од младинската школа, Димитријевиќ ќе работи на подигнување на нивото и интензитетот на работа, како и на враќање на препознатливиот сјај на младинскиот погон на МЗТ Скопје.

Негова главна задача ќе биде целосна реорганизација и унапредување на работата на талентите, за што поседува огромно искуство и докажан квалитет.


Ања Начевска ќе игра во женската НЦАА лига

Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ќе ја продолжи кариерата во СAД.

Таа ќе настапува во женската НЦАА лига и ќе игра за Универзитетот Хемптон. Начевска е голем потенцијал на македонската кошарка.

Во својата кариера таа тргна преку Вардар каде што од младинските категории стигна до сениорскиот тим.

Потоа Македонката се пресели во српскиот тим Мега Баскет, каде што настапуваше во изминатата сезона.

Станува збор за екипа која се натпреварува во ЦАА (Коустал Атлетик Асосиејшн) конференцијата каде што Начевска ќе го има своето американско деби.