Македонскиоткошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти составот на Олимпија Милано на крајот на оваа сезона и тоа само по една година мината во составот на италијанскиот прволигаш.
Димитријевиќ не е во плановите на тренерот Еторе Месина и тоа се виде на последниот натпревар во Евролигата каде воопшто не му даде шанса на нашиот ас,односно не се најде во составот за пресметката со Басконија.
Трофејниот Италијанец сака во наредната кампања одново да има македонски репрезентативец и тоа е Ти-Џеј Шортс.
Шортс блеска во Париз, има одлични бројки и во Евролигата каде е во групата на кандидати за МВП.
Миротиќ е МВП на последното евролигашко коло
Центарот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч на последното, 34. коло во Евролигата.
Во победата на Олимпија над Басконија (111:89), тој забележа 23 поени, десет скока и три асистенции за 24 минути, со шут од поле осум за 12 и придонесе за корисен индекс 40.
Лигашката фаза во Евролигата заврши со натпреварите од 34.коло, а плеј-инот е закажан за следната недела, а потоа следува четвртфиналето.
Грижи за „езерџиите“, се повреди Леброн Џејмс
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа нова победа изминатата вечер и тоа над Хјустон со убедливи 140-109.
Сепак, победата во која одличен беше Лука Дончиќ со 39 постигнати поени и со која стигнаа до третото место на табелата пред плеј-офот остана во сенка на повредата на Леброн Џејмс.
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на паркетот помина само 22 минути и мораше да биде заменет поради повреда во третата четвртина.
Во овој момент нема детални информации за каква повреда се работи, но фановите се загрижени што истата дојде без контакт. Охрабрувачки може да биде тоа што Леброн по повредата не замина во соблекувалната, туку остана на клупата за резерви.
Дефинирани паровите за плеј-инот на Евролигата
Со трите средби на кои победи забележаа Барселона, Панатинаикос и Анадолу Ефес заврши регуларниот дел од оваа сезона во кошаркарската Евролига.
Каталонците се препотија против отпишаната Виртус Болоња, но на крајот собраа сили и славеа со 91:87 што го однесе директно во плејофот каде за ривал ќе го имаат Монако. Пантер со 20 кошеви беше лидер, ама двоцифрени беа уште петмина играчи Пара, Андерсон, Паркер, Бризуела и Саторански.
Шенгелија пак со 17 кошеви беше број еден кај италијанскиот претставник.
Панатинаикос ја доби драмата со Црвена Звезда со 111-104 и тоа по дополнителни минути во Атина, а Анадолу Ефес оствари рутинско славје над Жалгирис од 87-77.
Засега има потврдено само уште еде официјален пар за четвртфиналето и тоа Панатинаикос-Анадолу Ефес. додека Олимпијакос и Фенербахче ќе ги чекаат плејин битките за да ги дознаат противниците.
Тука ги имаме Реал Мадрид-Париз и Баерн Минхен-Црвена Звезда.
Тринкиери најави заминување од Каунас
Тимот на Жалгирис Каунас ќе се раздели со Андреа Тринкиери, што значи дека во новата натпреварувачка година ќе влезе со нов тренер.
На тоа место челниците на клубот од Каунас би сакале да го видат или Ибон Наваро, актуелниот тренер на Уникаха или Јака Лаковиќ кој моментално е во Гран Канарија.
Проблемот е што и двајцата тренери имаат важечки договори и за следната сезона, како што е случајот со актуелниот тренер на Жалгирис, Андреа Триникиери, па ќе биде многу интересно да се види како тоа ќе се одвива.
Штрајкот на судиите го одложи стартот на кошаркарскиот плеј-оф
Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) со официјално соопштение објасни зошто викендов нема да започе плеј-офот во домашното првенство. Федерацијата се огласи со и изнесе интересни детали откако претходно судиите започнаа штрајк поради неисплатени долгови.
Од Федерацијата посочуваат дека не добиле ниту денар од Министерството за спорт и дека не биле исплатени програмските средства, ниту средствата од игрите на среќа.
„Кошаркарската Федерација на Македонија сака да ја информира јавноста за последните случувања во рамки на организација на натпреварите во сите лиги, а во врска со одлуката на Судиската Комисија при КФСМ и нејзините членови – судиите за бојкотирање на натпреварувањата во сите категории поради неисплатени средства.
Раководството на Кошаркарската Федерација изминатата седмица одржа два состанока со претставници од Судиската Комисија. На последниот состанок, Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ предложи да се подмират 50 % од тековните долгови кон судиите и натпреварувањата во сите категории, сениорски и младински, машка и женска конкуренција, да продолжат да се одвиваат непречено како и досега. Навидум, се постигна договор и зачудувачки е како после тој постигнат консензус, се промени ставот на Судиската Комисија со изговор дека доколку дојде до промена на раководните структури тие долгови би останале неподмирени што е комплетен апсурд.
Од страна на Судиската Комисија се побара комлетно подмирување, а не етапно како што впрочем секогаш била праксата. Во сите изминати сезони досега темпото на подмирување секогаш било исто како и оваа натпреварувачка сезона. Од страна на Кошаркарската Федерација беа извршени напори за пронаоѓање на дополнителни средства за исплата, беше даден предлог со конкретен план на исплата, но, повторно членовите на Судиската Комисија не беа задоволни и одлучија, ненадејно, да го променат својот став.
За реализација на дејностите, целите и задачите Кошаркарската Федерација, како институција се финансира од соодветен државен орган – Министерство за спорт, од котизации за учество во лигите и од спонзорски договори.
Од Министерството за спорт, Кошаркарската Федерација нема добиено никаков финансиски стимул освен субвенциите (ваучерот) кон крајот на минатата календарска година, којшто всушност беше за претходната година. Не се исплатени ниту програмските средства, ниту пак средствата од игри на среќа. Дел од одредени кошаркарски клубови чијшто долг кон Федерацијата продолжува да се зголемува добија никаква или делумна финансиска помош поради ‘одредени критериуми’, а дел од клубовите кои добија повеќе средства пак, ги добија со инструкции да не ги подмируваат своите долгови.
Ова се однесува на клубовите од Првата лига мажи за кои по долги години, КФСМ обезбеди спонзор со кој се олесни функционирањето на клубовите за тековната натпреварувачка сезона односно комплетно се отстрани финансиската обврска за котизација за учество во лигата. Единствена нивна финансиска обврска којашто останува се лиценците за странски играчи и евентуалните казни по билтен. Доколку сите клубови ги добијат средствата кои им следуваат од соодветните државни органи, тогаш ќе можат да ги покријат своите финансиски долгувања од тековната натпреварувачка сезона кон Федерацијата со кои ќе се докомплетира исплатата на сите долгови. Раководството на Федерацијата имаше разбирање кон ваквите клубови, но злоупотребата на довербата придонесе за кулминација со бојкот на натпреварувањата.
Кошаркарската Федерација останува на ставот дека сè додека сите клубови не ги подмират своите финансиски долгувања нема да продолжи натпреварувачката сезона.
Јавноста и понатаму ќе биде транспарентно известувана за одредени настани кои се случија во изминатиот период, со дополнителни докази и факти“, се вели во соопштението на КФСМ.
ПАО им даде нови договори на најдобрите кошаркари
Ако за новиот договор на Кендрик Нан веќе се беше познато и се чекаше само на официјализација, Јанакопулос денеска на својот инстаграм профил потврди дека американскиот поентер и во следните три сезони ќе го носи зелено-белиот дрес.
Многу поголемо изненадување е вториот ас – турскиот репрезентативец Џеди Осман кој исто така го продолжува престојот во Атина, и тоа за дополнителни две сезони.
Осман минатото лето реши да си замине од НБА и го избра токму Панатинаикос за следна дестинација. Тој во просек игра по 18 минути во Евролигата, реализирајќи по 7,9 поени и 2,4 скокови, но тренерот Атаман е убеден во квалитетите на својот сонародник.
Мициќ се враќа во Европа, Хапоел и Итудис фаворит за неговиот потпис
PARIS, FRANCE – AUGUST 10: Vasilije Micic #22 of Team Serbia drives to the basket Moritz Wagner #13 of Team Germany during the Men’s Bronze Medal Game between Team Germany and Team Serbia on day fifteen of the Olympic Games Paris 2024 at Bercy Arena on August 10, 2024 in Paris, France. (Photo by Ezra Shaw/Getty Images)
Српскиот кошаркар, Василије Мициќ, може да го напушти составот на Феникс и НБА лигата и да се врати на стариот континент.
Наводно за неговите услуги е заинтересиран тимот на Хапоел Тел Авив кој аплицираше за тригодишна лиценца за учество во Евролигата.
31-годишниот плеј-мејкер во 2024 година се пресели во најсилната лига во светот кога го облече дресот на Шарлот. Една година подоцна Мициќ замина во Феникс.
Париз или Атина домаќини на Ф4 на Лигата на шампионите на ФИБА
Победникот од четвртфиналната серија меѓу грчки АЕК и француски Нантер ќе биде организатор на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите, соопштија од ФИБА.
Четвртфиналните серии се играат до две победи, а АЕК е за нијанса поблиску до организација на фајналфорот бидејќи ќе има предност на домашен терен за евентуалната „мајсторка“.
„Фајнал-фор“ турнирот на кошаркаскиот настан ќе се одржи од 8 до 11 мај.
Денвер го отпушти тренерот Мајк Мелоун
По серијата лоши резултати, Денвер Нагетс му врачи отказ на првиот тренер Мајк Мелоун.
Оваа информација ја објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој работи за „ESPN“.
Мелоун беше тренер на Денвер 10 години, почнувајќи од 2015 година, кога во тимот од Колорадо пристигна Никола Јокиќ.
Тие „пораснаа“ заедно и за една деценија заедничка работа го донесоа единствениот шампионат на Нагетс во 2023 година.
Тој му „помогна“ на Јокиќ да освои три МВП награди и многу влијаеше на неговиот развој и игра.
Сепак, резултатите на Денвер не се најдобри во последно време и челниците на франшизата решија да го отпуштат Мелоун. Пред Денвер, тој работеше во сезоната 2013/2014 како тренер на Сакраменто Кингс.
Претходно беше асистент во Голден Стејт Вориорс, Њу Орлеанс Хорнетс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс, како и во Менхетен, Провиденс.
Денвер моментално се наоѓа на четвртото место во западниот поредок со 47 победи и 32 порази.