Џоел Ембид е четвртиот кошаркар на Филаделфија кој има позитивен резултат на тестирањето за ковид-19.
Центарот на лидерот на Истокот им се придружи на Тобијас Харис, Матис Тибул и Ајзеа Џо, кои исто така се ставени во карантин.
Ембид кој има четири настапи на Ол-стар мечевите, е најдобриот кошаркар во Филаделфија во тековнава сезона. Тој има во просек 21.4 кошеви, 9.4 скокови и 4 асистенции.
Никола Јокиќ исклучен поради напад на противнички играч
Српскиот кошаркар и најдобар играч на Денвер,Никола Јокиќ, доби исклучување за време на натпреварот против тимот на Мајами кој заврши со победа на Денвер 113:96.
Имено, на нешто повеќе од две минути пред завршетокот на натпреварот, Јокиќ имаше неспортски потег при што со удар во грбот го повреди играчот на Мајами Маркиз Морис кој заврши на паркетот и беше изнесен на носилки.
Претходно и Морис имаше груб старт над Јокиќ кој очигледно не му го прости истиот и му врати со иста мера.
Jokic and Markieff Morris both got ejected after exchanging fouls during Nuggets-Heat.
Најдобриот играч во екипата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ќе мора да паузира најмалку два месеци поради повреда на мускулот во пределот на абдоменот, пренесуваат медиумите од САД.
Популарниот Леброн, повредата ја заработил на натпреварот против Оклахома во кој ЛА Лејкерс загуби со 107:104.
Џејмс оваа сезона има просек од 24,8 поени, 7 асистенции и 5,5 скока по натпревар.
Лука Дончиќ постигна неверојатен кош за победа во последна секунда
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, повторно беше клучен играч за Далас, овојпат во победата над Бостон Селтикс.
Екипата на Далас Маверикс го доби натпреварот со 107:104 а победничкиот кош Дончиќ го постигна со звукот на сирената за крај на мечот и предизвика ерупција од задоволство во салата.
Бертомеу сменет од директорското место во Евролигата
Извршниот директор на кошаркарската Евролига,Жорди Бертомеу, ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната.
Одлуката за смена на Бертомеу ја донесоа 11 клубови кои се акционери на Евролигата. На одржаниот состанок, шест клубови гласаа за смена на досегашниот директор, додека пет клуба му дадоа поддршка за останување на функцијата.
Жорди Бертомеу на местото извршен директор на Евролигата помина цели 22 години.
Миротиќ е кошаркарот на октомври во Евролигата
Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ, е најкорисен играч во Евролигата за месец октомври, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.
Единствено Барселона беше непоразена во воведните шест кола од новата сезона во Евролигата, а најзаслужен за тоа беше Миротиќ. На крајот од октомври кошаркарот на Барса имаше најдобар индекс на корисност – 144, иако според минутажата на теренот е дури на 27 место.
За Миротиќ ова е рекордна шеста МВП награда во кариерата.
Шекил О`Нил со животна лекција за своите деца
Поранешниот НБА играч Шекил О`Нил е еден од најдобрите играчи во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Тој има освоено 4 шампионски прстени и безброј индивидуални награди. По завршувањето на играчката кариера, започна со основање на голем број компании кои му донесоа огромен капитал кој се проценува на 400 милиони долари.
Сепак популарниот Шек е познат како скромен човек кој е приземјен и не лета во облаци поради популарноста. Тој неодамна им порача на своите деца дека треба што подобро да се школуваат и да заработуваат сопствени пари. „Постојано им велам на моите деца кои сега веќе пораснаа, дека Не сме ние богати, туку јас сум богат“.
Зоран Драгиќ ќе игра за Жалгирис
Словенечкиот кошаркар, Зоран Драгиќ, оваа сезона ќе заигра во Евролигата и тоа во дресот на Жалгирис од Каунас.
Драгиќ, минатата сезона ја помина како член на Басконија, но по инсистирање на неговиот сонародник Јуре Здовц кој е тренер на литванскиот шампион, се согласи да го облече зелениот дрес на Жалгирис.
Зоран Драгиќ во својата кариера има настапувано во речиси безброј клубови, меѓу кои се Крка, Малага, Химки, Милано, Ефес, Улм и Триесте од Италија.
Димитријевиќ се повреди, ќе ги скокне ноемвриските натпревари на репрезентацијата
Будуќност приреди изненадување и во второто коло од Еврокупот ја совлада Валенсија. Сепак, неочекуваниот пораз падна во сенка на информацијата што денес ја објавија од шпанскиот клуб.
Имено, Валенсија објави дека македонскиот репрезентативец Ненанд Димитријевиќ се здобил со повреда на задниот дел на бутниот мускул и поради тоа не го доигра натпреварот во Подгорица.
Прегледите покажале дека Нено има скинат мускул на тетивата и според првите прогнози ќе биде надвор од терените најмалку шест недели. Ова не е добра вест за македонската репрезентација затоа што на крајот на следниот месец не чекаат нови натпревари во мундијалските квалификации.