кошарка

Лејкерси ќе му подигнат статуа на Пет Рајли

Лос Анџелес Лејкерси ќе му оддадат почит на Пет Рајли. Членот на „Куќата на славните“ ќе стане осмиот во историјата на организацијата што ќе биде овековечен во статуа надвор од арената на клубот.

„Пет е икона за Лејкерс. Неговиот професионализам, посветеноста на занаетот и подготовката за игри го определија развојот на тренерската професија во модерната лига. Татко ми ја препозна неговата опсесија и способност да ги води талентираните играчи до шампионски статус. Пет и стилот на кошарка на Лејкерс од 1980-тите сè уште ја моделира нашата организација денес поради комбинацијата на живост и победнички потенцијал“, изјави Џини Бас косопственичка на клубот.

Рајли го предводеше клубот до четири титули како главен тренер и исто така беше дел од шампионските тимови како кошаркар и асистент.


Јончевски: Натпреварот во Скопје ќе ни покаже дали сме за Евробаскет или не

Веројатно двата најважни натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 се пред нашите најдобри кошаркари во овој ноември. Оние против топ фаворитот во нашата квалификациска група, селекцијата на Литванија.

Во рок од неколку дена двете селекции кои добро се познаваат долги години, Литванците посебно го паметат оној пораз на нивни терен во Вилнус во 2011 година, и веројатно никогаш нема ни да го заборават.

Но тоа е едно убаво далечно миниато, реалноста вели дека веќе во четврток навечер, од 18.часот, во салата на СРЦ „Кале“, Македонија ќе се обиде да изненади уште еднаш, да биде подобра од репрезентација која јасно е, секогаш е во оној европски, па и светски врв на кошарката.

Три дена подоцна, во Клаипеда, следува своевидниот реванш, макар што на денешниот прв собир, селекторот на нашиот национален тим Александар Јончевски потврди дека е фокусиран само на оној првиот, во Скопје.

„Ова се најважните два натпревари во овој квалификациски циклус. Ситуацијата е таква што мораме да победиме на барем еден меч за да ги задржиме шансите за пласман на Европското првенство. Литванија е фаворит, јасно е дека се работи за една од највалитетните европски репрезентации. Верувам дека мечот во Скопје ќе биде показател дали сме подготвени за Европското првенство“ – коментира селекторот Јончевски на почетокот на овие мини-подготовки.

Извесно е дека и во овој квалификациски ФИБА „прозорец“ предводникот на нашата репрезентација не може да смета на еден комплетен ростер, со кој евентуално ќе бевме уште поконкуретни против европски велесили каква што несомнено е Литванија.

„Во моментов не можеме да се пофалиме со настапите на нашите репрезентативци, а во Скопје нема да играат Хап, Шортс и Димитријевиќ. Располагаме со кошаркари кои настапуваат во домашното првенство и во регионалната АБА 2, но и таму не забележаа поголем успех оваа сезона. Ќе се обидеме да ги изненадиме Литванците на тактички план и верувам дека ќе успееме на овие два меча да забележиме барем една победа. Притисокот е на страната на Литванците бидејќи и тие непланирано загубија еден натпревар, од Естонија. Поради тоа, картите им се отворени и ќе одат со сите сили да победат на двата меча против нас, затоа што не се сеќавам дека Литванија не била присутна на некое од последните Европски првенства“ – дополни Јончевски пред новинарите во СРЦ „Кале“.


Кошаркарите ги започнаа подготовките за двомечот против Литванија

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 13:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски стави шеснаесет кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21. ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24.ноември, на гостински терен во Клаипеда.

Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде, во четврток, од 18:00 часот, ќе го играме натпреварот против репрезентацијата на Литванија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи.


Сензација во Битола, Шкупи прв го победи Пелистер на гостински терен

Во последниот меч од 7. коло од Првата кошаркаска лига, во Битола, големо изненадување, едно од најголемите во досегашниот дел од сезоната, приреди скопски Шкупи. Гостите славеа со 86-90 и му го нанесоа првиот домашен пораз на вицешампионот.

Подвигот го креираше комплетната стартна петорка на Шкупи во која Арчи заврши со „дабл-дабл“ од 26 поени и 12 скока, двоен беше и ефектот на Вилијамс (20 поени и 13 скока), но и оној на Стојановски од 23 поени и 10 скока), додека Трибл финишираше со 12, а Златевски додаде уште девет поени.

Кај Пелистер, трагичарот Антоан (ја загуби клучната топка) броеше до 26, а Бојиќ имаше 19 поени.

Поради репрезентативната акција на нашиот машки сениорски национален тим во текот на оваа недела, наредното, осмо, првенствено коло ќе се игра на 30 номеври.


НБА лигата го менува форматот на „Ол-стар“ натпреварот

НБА лигата сака да го врати интересот за „Ол-стар“ натпреварот. Според ESPN, лигата е во сериозни дискусии за нов формат за натпреварот во 2025 година, на кој би се нашле три ол-стар тимови од по осум играчи и победничкиот тим од мечот на ѕвездите во подем.

Претставниците на лигата разговараа за новиот формат во петокот со натпреварувачката комисија составена од сопственици, менаџери на тимови, играчи, тренери и претставници на синдикатот.


Крис Пол го собори историскиот рекорд на асистенции на Џејсон Кид

Плејмејкерот на Сан Антонио, Крис Пол стана третиот играч во историјата на НБА-лигата со 12.000 асистенции во кариерата.

Пол до оваа достигнување дојде за време на поразот од Лејкерс со 115-120 во петокот.

Претходно во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, Џон Стоктон стигна 15.806 асистенции, додека Џејсон Кид застана на 12.091.

-Се сеќавам дека првиот пат кога играв во Јута, погледнав во арената и видов дека Џон Стоктон е лидер на сите времиња во асистенции и украдени топки. Тогаш помислив: Ќе го стигнам. Ова се покажа како невистинито. Но, да се биде втор по Џон Стоктон е прилично кул, рече Пол по натпреварот.

Триесет и деветгодишниот кошаркар го заврши натпреварот со Лејкерс со 11 поени, 11 асистенции и две украдени топки.


Работнички со судни маки го освои „Јасмин“ во Кавадарци

Кошаркарите на Работнички стигнаа до исклучително важен гостински триумф. На нималку лесниот терeн во кавадаречки „Јасмин“, имаа водство, кое домашната екипа го стигна, дури и поведе, но имаа и „помирна завршница“ во која стигнаа до успехот, за нив петти од почетокот на новата сезона (81-85).

Дубински постигна 17 поени. Полутак оствари двоен ефект (20 поени и 12 скока), Ѓуроски финишираше со 16, а Ефремовски имаше 15 поени.

Одлични први минути во дресот на Тиквеш Голден Игл имаше Александар Пантелиќ, кој почна од клупата, а заврши со 23 поени, а Грин запиша 17 поени.


Леброн најави дека наскоро доаѓа пензија од кошаркарскиот спорт

Леброн Џејмс, полека го најави своето пензионирање. Кралот игра во одлучна форма, против Мемфис оствари нов трипл-дабл (35п, 12а, 14с), со што докажа дека годините се само бројка за него.

По натпреварот против Гризлис, во разговор со новинарите, тој изјави дека е свесен дека наскоро му се ближи 40-тиот роденден и дека не верува дека уште долго ќе игра кошарка на професионално ниво.

„Нема да играм уште долго време, да бидам искрен, една-две години. Ќе играм додека не испаднат тркалата“, изјави Џејмс.


Демар Дерозан го чека долга пауза од терените

Koшаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, поради здравствени проблеми, не се појави на ноќешниот меч во НБА лигата против Минесота кој заврши во продолжение со победа на „волците“ со 130 -126.

Ѕвездата на „кралевите“ се повреди во средата на мечот со Феникс и засега не се знае кога ќе може да се врати на терените.

35-годишниот ветеранот во текот на сезонава за неговиот нов клуб реализираше во просек 24,8 поени.


Итудис за рекордна сума потпиша за Хапоел Тел Авив

Грчкиот тренер Димитрис Итудис е новиот тренер на Хапоел Тел Авив.

Итудис ќе потпише рекорден тригодишен договор вреден 4,6 милиони долари.

Главна цел на тимот е преку Еврокупот да обезбеди пласман во Евролигата.

Досегашниот тренер Стефанос Дедас ќе остане во клубот како помошник на Итудис, односно ќе ја има истата работа како во ЦСКА и Фенербахче.

Итудис, кој ја започна својата тренерска кариера како асистент во Загреб во 1992 година, се прослави како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос во периодот 1999-2012 година.

Првиот голем ангажман во ЦСКА Москва го имаше од 2014 до 2022 година, а со рускиот тим двапати ја освои Евролигата.