кошарка

Лука Дончиќ: Сакам да станам МВП на НБА лигата

Кошаркарот на Далас Маверикс и репрезентативец на Словенија Лука Дончиќ во изјава за американските медиуми порачува дека сака да стане најкорисен играч во НБА лигата.

Дончиќ веќе неколку години е еден од кандидатите за МВП, но тој уште не успеал да го добие ова признание. Последниве две сезони наградата МВП му припадна на Србинот од Денвер, Никола Јокиќ.

„Пред се очекувам со Далас да се пласирам во финалето на НБА. Знам дека тоа ќе биде тешко но мора да веруваме. Огромен успех би бил доколку бидам прогласен за МВП.Тоа е огромно достигнување, и се надевам дека ќе добијам шанса за тоа“, изјави Дончиќ.


Бостон Селтикс го суспендира тренерот Удока

Славниот НБА клуб Бостон Селтикс го суспендира тренерот Име Удока на период од една година поради кршење на клупскиот правилник.

Удока имал љубовна афера со колешка од клубот што по статутот на Бостон е забрането, па така кога аферата се открила во јавноста било сосема јасно дека тренерот на Селтикс го очекува суспензија.

Тимот на Бостон во наредната сезона ќе го води Џо Мацула, кој беше асистент на главниот тренер.


Ембид ќе игра за Франција на СП во кошарка

Менаџерот на француската кошаркарска репрезентација Борис Диау изјави дека тој и неговите колеги во Француската кошаркарска федерација ќе направат се што е во нивна моќ за да може Жоел Ембид да игра за „триколорите“ уште на Светското првенство во 2023 година.

Ембид (28) потекнува од Камерун, но тој никогаш не играше за репрезентацијата на својата земја. Пред неколку недели центарот на Филаделфија 76ерс се здоби со француски пасош, но во моментов нема дозвола од Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) за негово учество за репрезентацијата на Франција.

„Тој сè уште нема лиценца од ФИБА. Но, ќе биде убаво ако ја добие и може да игра за Франција. Знаеме дека тој веќе има француски пасош, па зошто да не, нашата цел е да имаме што повеќе добри играчи што е можно повеќе, за да состават добар тим“, изјави Диау.


Скариоло: Среќен сум што успеавме сите да ги победиме

Селекторот на шпанската репрезентација Серџо Скариоло изјави дека неговиот тим го освоил Европското првенство во Берлин бидејќи шпанската кошарка со години се заснова на системот и секогаш размислува чекор понапред, пренесува „Баскет њуз“.

Шпанија синоќа во Берлин ја победи Франција со 88:76 во финалето на ЕП.

„Влеговме на турнирот како осми кандидат за злато според официјалните прогнози. На турнирот влеговме без МВП играчи, НБА суперѕвезди, ол-стар кошаркари… Многу сум среќен што успеавме да ги победиме сите и да ја прескокнеме конкуренција.Среќен сум поради начинот на кој игравме кошарка во двата правци“, вели Скариоло.


Шрудер останува во ЛА Лејкерс

Најдобриот германски кошаркар Денис Шрудер и наредната сезона ќе игра во Лос Анџелес Лејкерс.

29 годишниот плејмејкер, ова лето стана слободен агент, меѓутоа после одличните настапи на Европското првенство, кошаркарот доби понуда од Лејкерс за продолжување на неговиот договор. 

Вредноста на едногодишниот договор изнесува 2,64 милиони долари и според информациите Шрудер ќе го потпише веднаш после враќањето од Германија.

Шрудер минатата сезона ја помина во Бостон и Хјустон, за потоа да биде трејдуван во Лејкерс.


Кошаркарите на Шпанија ја слават титулата на Европското првенство

Кошаркарската репрезентација на Шпанија го освои првото место на Европското првенство, откако во финалето ја совлада Франција со резултат 88:76.

Најдобар кошаркар во победничката екипа беше Хуанчо Ернангомез со 27 поени, додека кај Французите најефикасен беше Еван Фурније со 23 коша.

Шпанија која е актуелен светски првак, со победата во финалето во Берлин стигна до четвртото злато на европските првенства. Франција остана на едно злато освоено во 2013.година.

Во борбата за третото место Германија ја совлада Полска со 82:69.


Борба за финале на ЕП во кошарка: Полска против Франција, Германија со Шпанија

Борба за финале на ЕП во кошарка: Полска против Франција, Германија со Шпанија

Денес во Берлин започнуваат натпреварите од самата завршница на Европското кошаркарско првенство. 

Репрезентациите на Полска и Франција својот полуфинален дуел го започнуваат во 17.15 часот. Кошаркарите на Полска до борбата за пласман во големото финале стигнаа со триумфот над актуелниот европски шампион Словенија која во четвртфиналето ја совладаа со резултат 90:87, додека Франција после продолженија беше подобра од Италија со 93:85.

Домаќинот на нокаут фазата од  шампионатот селекцијата на Германија, во второто полуфинале кое е на распоред вечерва од 20:30 , ќе се сретне со актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија.

Германија, шансата за пласман во финалето ја обезбеди со четвртфиналниот триумф над Грција со 107:96, а Шпанија беше подобра од Финска со 100:90.

Евробаскетот завршува во недела на 18.септември, кога на програмата е натпреварот за третото место во 17:15 часот , како и големото финале кое е закажано за 20.30 часот.


www.evrotip.mk


Дрес на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дрес на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Њујоршката аукциска куќа Сотбис, соопшти дека дрес на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари.

Станува збор за црвен дрес на Чикаго Булс кој Џордан го носел на првиот натпревар од финалето на НБА лигата против Јута во 1998 година, период кој е прикажан во документарец на Нетфликс наречен „Последниот танц“. 

Ова е најскап продаден дрес во историјата, бидејќи ја надмина сумата од 9,3 милиони долари која беше платена за дресот на Марадона кој го носеше во натпреварот против Англија кога го постигна голот со „божјата рака“.


Бодирога е нов претседател на Евролигата

Бодирога е нов претседател на Евролигата

Легендарниот поранешен српски кошаркар, Дејан Бодирога, официјално е именуван за нов претседател на кошаркарската Евролига.

Бодирога после завршувањето на играчката кариера беше потпретседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, а потоа и претседател на Комисијата за натпревавување во ФИБА Европа.

„Влегуваме во нова ера на Евролигата. Изминативе 20 години ова натпреварување стана препознатливо и моќно во глобалниот спорт. Би сакал да се заблагодарам на Бартомеу и неговиот тим за досегашната успешна работа, и се радувам на продолжувањето и ширењето на влијанието на Евролигата и Еврокупот“, изјави Бодирога за официјалниот сајт на Евролигата.


Поцеко: Мели е најдобар кошаркар на светот

Газета дело Спорт ја пренесува изјавата на селекторот на кошаркарската репрезентација на Италија, Џанмарко Поцеко, според кого Николо Мели е најдобриот кошаркар на светот.

Италија обезбеди учество во четвртфиналето на Европското првенство после победата над фаворитот Србија со 94:86.

Николо Мели на овој натпревар одигра одлична партија, и постигна 21 поен со шест скока и четири асистенции.

Италија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Франција.