кошарка

Кошаркарите започнуваат со подготовки, Тодоров повика 17 имиња

Селекторот на нашите најдобри кошаркари, Александар Тодоров, го скрати првичниот список и одреди 17 кошаркари кои во наредниот период ќе се подготвуваат за квалификацискиот „балон“ во Перм. Конечната листа на патници за собирот во Русија ќе биде затворена непосредно пред заминувањето на 15 февруари во раните утрински часови со специјален чартер-лет кој го обезбеди федерацијата.

Еве го списокот на репрезентативците кои до 14 февруари ќе работат под диригентската палка на Тодоров.
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Марко Симоновски (Кожув)
Aндреј Митревски (ТФТ)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Дамјан Робев (Куманово 2009)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк – Франција)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
Ненад Димитријeвиќ (Хувентуд-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте-Шпанија)


Ново шоу на Лука Дончиќ! (видео)

Далас запиша победа на дуелот против Минесота на домашен паркет со резултат 127:122.
Лука Дончиќ повторно беше меѓу најдобрите, но сега му помогнаа и соиграчите за нов триумф на својот тим.
Словенечкиот кошаркар не беше најефикасен кај Далас, но со своите 26 поени повторно го покажа својот раскошен талент, а со еден поен повеќе, најдобар стрелец кај домаќините беше Порзингис.
Дончиќ на загревање приреди мало шоу, погодувајќи во кошот со нога го привлече вниманието, но и насмевките од соиграчите.


Тодоров повика 24 кошаркари за „балонот“ во Перм

Нашите најдобри кошаркари од 18 до 22 февруари треба да се појават на квалификацискиот турнир во Перм за место на Европското првенство во 2022 година.
Селекторот Александар Тодоров, првично го објави поширокиот список од 24 кошаркари кои ќе бидат ангажирани во текот на подготовките. Задолжителното тестирање за ковид-19 ќе биде на 8 и 9 февруари во Скопје.
На списокот се запишани:
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Савичевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
Андреј Митревски (ТФТ)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Дамјан Робев (Куманово 2009)
Горјан Марковски (Куманово 2009)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Марко Симоновски (Кожув)
Војдан Стојановски (Гравелин-Франција)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
Шејн Витингтон (Сеа Хорсес-Јапонија)
Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет-Италија)


Прв пораз за Димитријевиќ и Хувентуд во Еврокупот

Кошаркарите на Хувентуд ќе мора да почекаат на заверката на пласманот во четвртфналето на Еврокупот. По трите победи во првиот круг, вечерва се поразени на гостувањето во Монако. Тимот од француското кнежевство славеше со сигурни (97-82), па по четири одиграни кола во групата „Е“ од ова натпреварување, двете екипи се на идентичен ефект (3-1), но Монако е во предност бидејќи вечерва победи со повисока разлика во однос на поразот пред една седмица во Бадалона (72-79). Ненад Димитријевиќ одигра доста добар натпревар. Беше прв стрелец во својот тим. Запиша 15.поени (1/1 за три, 3/7 за два и 6/7 за еден поен), дополни со четири скока, четири асистенции, исто толку загубени и една освоена топка за 26:34 минути во игра. Во наредното коло, на 2 март, Хувентуд ја пречекува Уникаха.


Koшаркарската репрезентација на 10 февруари почнува со подготовки за „балонот“ во Перм

Македонската кошаркарска репрезентација, подготовките за февруарскиот квалификациски „прозорец“ за Евробаскетот кој за Македонија ќе биде реализиран во руски Перм, ќе ги стартува на 10 февруари во Скопје. Според плановите на стручниот штаб на „црвено-жолтите“, во Скопје ќе биде реализиран воведниот дел од подготовките. „Ќе работиме пет дена во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Планирано е во процесот да бидат вклучени 14-15 кошаркари. Најголем дел од нив ќе бидат со нас од првиот ден. Вклучително и капитенот Војдан Стојановски, но и Џејкоб Вајли, што е и тоа како битен момент за нас. Ќе настојуваме да тренираме во термините во кои ќе се играат квалификациските натпревари во Перм. Значи од 13:00 до 17:00 часот, да се раководиме по онаа четиричасовна временска разлика со Русија. Ќе работиме по еден тренинг дневно, во тие временски термини“, појаснува селекторот. Македонија за Русија тргнува на 15 февруари, а според планот за Перм ќе патуваат 15 кошаркари. Во периодот од 18 до 22 февруари, нашата сениорска селекција треба да одигра четири средби од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2022 година.


Јокиќ „лови“ нов договор вреден 200 милиони долари

Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс и еден од најдобрите кошаркари во НБА, избран е за најдобар играч на Западната конференција минатата недела. Познатиот новинар на ЕСПН, Боби Маркс ја носи веста дека Јокиќ би можел по истекот на договорот да потпише супермаксимален договор, резервиран за само неколку играчи во лигата. Маркс наведува дека Јокиќ би требало да биде избран во најдобрата петорка за сезонава, со што ќе стекне право на уште поголем договор. Јокиќ веќе еднаш се најде во најдобриот тим на лигата пред две сезони, додека минатата сезона беше во вториот тим. Српскиот кошаркар во 2018. година потпиша петгодишен договор вреден 148 милиони долари. Летото 2022. година би можел да потпише уште поголем договор, сличен на оној кој го има Јанис Антетокумбо. Неговиот договор, кој е вреден 228 милиони долари, е најголем во историјата на кошарката.


ЦСКА Москва останува без најдобриот кошаркар?

Мајк Џејмс и оваа сезона е најефикасен играч на ЦСКА Москва, бележи просек од скоро 20 поени по натпревар, на теренот е незаменлив и клучен играч во петорката на Димитрис Итудис. Сепак, постојат и проблеми. Неговиот карактер повторно се најде во фокусот, медиумите јавуваат дека Џејмс ги отследил сите кошаркари на ЦСКА од социјалните мрежи, а имало и тешки зборови во соблекувалната помеѓу него и Итудис со соиграчите. Грчките медиуми јавуваат дека му било забрането да патува за САД, а се наведува дека Џејмс наскоро и ќе ја напушти Москва. ЦСКА сезонава го дели првото место во Евролигата со Барселона, со учинок од 15 победи и 6 порази.


Eдна година од најголемата трагедија во кошаркарската историја!

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант, заедно со неговата ќерка Џиана, пилотот и шест семејни пријатели. Тие патуваа на натпревар на екипата на Џиана, чиј тренер беше токму Коби Брајант, но поради густата магла пилотот ја загуби ориентацијата и удри во планината кај Калабасас. Беше тоа една од најболните спортски трагедии во историјата, бидејќи животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и тоа во својата 41. година од животот, неполни четири години од крајот на една величествена кариера.


Поради Харден го напушти Бруклин, а тоа буквално му го спаси животот!

Размената на Џејмс Харден во Бруклин минатата недела ги „раздрма“ четири НБА тимови, а за еден од играчите вклучени во истата тоа значеше и спасување на животот!
Карис ЛеВерт од Бруклин преку Хјустон заврши во Индијана, но се уште не дебитираше за новиот клуб и не се знае кога ќе се случи тоа. На лекарските прегледи откриен му е непознат израсток на левиот бубрег. Лекарите не се сигурни за што се работи, па ги чекаат резултатите кои ќе покажат дали се работи за нешто што е канцерогено, односно дали се работи за тумор или циста.
„Немав никакви симптоми, играв и не пропуштив ниту еден натпревар сезонава. Се чувствував 100 отсто здрав. Овој трејд дефинитивно ми разоткри што се случува со моето тело. Размената можеби и ми го спаси животот.“ – вели ЛеВерт, кој во 12 натпревари за Бруклин сезонава имаше просек од 18.5 поени.
„Најважно ми е да оздравам и да си осигурам долг живот. Тоа е поважно и од кошарката. Секако дека сакам и понатаму да играм, сакам тоа да се случи што поскоро, но здравјето е најважно.“ – додава кошаркарот.
Во случај тој да ја прекине кариерата, ЛеВерт ќе може барем да се „утеши“ со тоа што пред кратко време потпиша тригодишен договор вреден 52.5 милиони долари.


МЗТ Скопје со три натпревари во шест дена во Бања Лука во АБА2 „балонот“

Во наредните шест дена, во Бања Лука ќе се одржуваат натпреварите
од вториот турнир од АБА 2 лигата.
За жал, еден од македонските претставници, екипата на Работнички
нема да биде дел од трите натпреварувачки рунди затоа што поради
појава на корона вирус во нивните редови, „црвено-белите“ го
откажаа настапот во главниот град на Република Српска, па нашата
јавност ќе биде насочена кон настапите на кошаркарите на МЗТ
Скопје Аеродром.
Популарните „металци“ во полн состав, со заздравениот Андрија
Бојиќ, се веќе во Бања Лука каде го одработија својот прв официјален
тренинг во пресрет на првиот натпревар во „балонот“ во кој ќе се
одиграат натпреварите од 5, 6. и 7. коло. Предвиден е вечерва од
21:00. часот, кога на другата страна на теренот за противник ќе ја
имаат екипата на Хелиос од Домжале.
Освен овој дуел, за време на престојот во Бања Лука, „аеродромци“ ќе
одиграат уште два натпревари. На 22 јануари (четврток) против
екипата на Слобода Ужице (од 13:00 часот), додека два дена подоцна,
на 24 јануари, следува и дерби-дуелот со екипата на Студентски Град
(од 21:00 часот).
По првиот турнир кој беше одржан на Златибор, екипата на МЗТ
Скопје Аеродром со скор од три победи и еден пораз, се наоѓа на
второто место на табелата.